Почетна / Здравје и исхрана / Се она што треба да знаете за виното и неговото комбинирање со храна

Се она што треба да знаете за виното и неговото комбинирање со храна

Што е јадењето по ароматично, виното мора да биде појако … Ова е само едно од правилата кое ви го откриваме од царството на вината. Научете дали доброто вино мора да биде скапо и со кое јадење кое вино се пие.

Со добра трпеза добрата капка секогаш е добро дојдена и тоа винска, она на ῎висока нога῎.

Ние се потрудивме да Ви го приближиме виното, да Ви помогнеме во изборот и доколку уште тоа не го знаете, ќе Ве научиме од која чаша се пие одредено вино.

῎Каде сите плаќаат, виното не е скапо῎, кажува една португалска поговорка. За тоа што се ја одредува цената на виното овај пат нема да навлегуваме – важно е да Вас и на Вашите гости виното им се допаѓа. Цената за добра капка на крај на краиштата не е ни битна.

Пенлива вина

Обликот на чашата: ῎пенливи вина῎, шампањско, се служи во тесни и високи чаши. Во нив виното повеќе ќе биде пенливо отколку во оние поплитки, со поголем отвор.

Се пие со ладни предјадења и десерти.

Температурата на која се пие треба да биде од 8 до 10 степени.

Меурчињата на јаглениот диоксид во пенливото вино настануваат благодарение на природниот процес на секундарното вриење. Со шампањско не се нарекуваат сите пенливи вина. Вистинско, едно единствено, е оно природно вино кое се произведува во Франција, во покраината Шампањ. Останатите пенливи вина можат да имаат висок квалитет. Во Германија тоа е сект, во Италија асти спуманте, а во Русија се вика советско шампањское.

Бело вино

Обликот на чашата: чашите се потесни со исправени ѕидови. Тесната чаша му овозможува на виното да ја задржи својата температура. Виното турете го до половина на чашата.

Со риба и школки се пие и ризлинг, бел бургундец или шардоне. Со салата или пајка ризлинг, додека со тестенините или азиски специјалитети најдобро оди полу суво бело вино.

Основното правило во врска со белите вина е дека се пијат со светло месо: пилешко месо и риба. Исто така, ако јадењето е ароматично, виното мора да биде појако.

Температурата на која се пие: не се сервира премногу студено вино. Идеалната температура е од 8 до 12 степени.

Бордо (Bordeaux)

Обликот на чашата: висока со широк балон. Без оглед на големината на чашата, би требало да ја наполнете само во висина од 4 до 6 сантиметри.

Се пие со бело месо од пајка, јагнешко или кременадла – каберне совињон, но и со јунешко месо, дивеч, пилешко месо и со јаки стари сирења.

Температура на која се пие е помеѓу 14 и 18 степени. Доколку виното е премногу топло, половина час пред сервирање ставете го во фрижидер.

Црвениот бургундец

Обликот на чашата: чаша за бургундец е поголема од чашата за бордо. Има поголем балон за да може да се акумулира аромата на деликатните црвени вина, како што се пино ноар (Pinot Noir). Ваквата чаша насочува вино кон врвот на јазикот.

Се пие со јаки специјалитети како на пример со дивечот ( овошен пино ноар ), со пајка ( не премногу сув бургундец ), а со пасти и јадења со ориз се пие божуле ( Beaujolais ), но не и со специјалитети кои се сервираат со пикантните сосови.

Температурата на која се пие е помеѓу 14 и 18 степени.

Совет: пред консумацијата, виното турете го во бокал и оставете го половина час да диши.

 

 

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...