Почетна / Рецепти / Сарма со лозов лист

Сарма со лозов лист

Овој традиционален рецепт го заменува користењето на кисела зелка како основа за виткање на мирудијата но е подеднакво вкусен и е одличен избор за семеен ручек.

Подготовка:

– 50 лозови листови
– 1/2 кг мелено месо
– 200 гр ориз
– кромид
– оцет
– нане
– маслиново масло
– магдонос
– 3 моркови ситно рендани
– брашно, црвена пипер
– 2 лажици доматно пире
– хималајска сол, црн бибер, сушен морков и пашканат

За споделување и користење на сликите побарајте права од администраторот
Извор: здравје и Храна Сите авторски права ги задржува здравје и храна

Листовите од лоза се мијат убаво и се бланираат во малку солена зовриена вода.
Во тава на оган на маслиново масло се пржи малку ситно исецкан кромид, се додава морковот а потоа се додава и меленото месо, се додаваат магоднос, хималајска сол, црн бибер, лажичка црвен пипер 2 лажици доматно пире го додаваме и меленото месо, посоливаме и ставаме црн пипер. Го додаваме сушениот зеленчук и оризот да се пропржат во истото тавче кога е готово и добро пропржено месото.
На листовите од лоза ставаме од смесата со мелено месо и мотаме сарми. Сармите ги редиме во тенџере, ги прелеваме со вода околу 5 цм над висината на наредените сарми, ставаме малку оцет и завршуваме со запршка (во тавче ставаме масло за јадење и една лажица брашно и 1 лажица пипер.
Запршката ја истураме во тенџерето, поклопуваме и го оставаме тенџерето на тивок оган да се вари или да се испечи на средна температура во рерна.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...