Почетна / Активен живот / Салса – ритам кој движи

Салса – ритам кој движи

Танецот е најдобар вид на рекреација, а доколку на тоа додадете уште ослободување на самодоверба, насмевка и сите емоции кои ги чувствувате, уживањето ќе биде потполно.

Салса е комбинација на Карипски и Латино танец, а името на овој темпераментен танец кои во превод значи зачинет сос потекнува од Шпанија.

Во Америка прв пат салса почнува да се танцува во почетокот на шеесеттите години на 20 век. Кога беше доминантна рок музика. Со зајакнувањето на латино американската заедница и со мешањето на порториканската, доминиканската и кубанската култура, дојде до настанување на различни танци, кои се до ден денес многу популарни. Салста доживува подем на крајот на шеесеттите години, како изразување на револт на карипските емигранти кои живееја во El Barrio – латино четврт во Њујорк. На Латино и афро – кубанска музичката основа додадени се нови инструменти како би се добил посилен звук и како би се истакнало богатство на бинарниот ритам од Куба, па затоа овој ритам е многу погоден за игра.

Љубителите на кубанската музика и танец кажуваат дека тајната на опстанокот во плесната приказна е чисто срце, здрав ум, ладна глава, истрајноста и потполна верба во она што го правите. Танецот на секој поединец ми помага да стане подобар и посилен, а салса е само еден од начините. Играјќи ја салсата уз ритам кој Ве движи од малиот прст на ногата па се до главата, ќе ги истрошите калориите, ќе го затеганите телото и ќе ги наполните батериите.

Што е сон?

Популарна кубанска музика и музички правец кој најмногу влијаел на салса. Резултат е на еволуција и фузија на основните африканскиот и шпански ритам, кои се развиваа во Куба. Сон се развивал преземајќи елементи на селски песми, од сантерија, од молитвите на селаните, од песните на робовите, од трубадурите мелези, се дури не ја доби формата која ја има денес

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...