Почетна / Рецепти / Салата со буковки и наут

Салата со буковки и наут

Буковките претходно зачинети со зачин и малку масло испечете ги на скара или на тостер. Наутот може сами да го сварите или да користите готов од конзерва. Кинеската зелка убаво измиена исечете ја на парчиња, посолете ја, додадете го наутот и полијте ја салатата со маслото од макадамија и маслиновото, додадете го соја сосот и балзамираниот оцет. Нарендајте многу малку од свежиот ѓумбир. На крај врз салатата додадете ги потпечените буковки, исечениот кашкавал на коцки и наросете со пармезан. Добар Апетит!

Потребно ви е: 1/2 кинеска зелка, 300 гр свежи буковки, 200 гр наут од конзерва, 20 гр свеж ѓумбир, 100 гр пекорино кашкавал, 10 гр пармезан, 2 лажици ладно цедено маслиново масло, 1 лажица масло од макадамија, 2 лажици светол соја сос, 3 лажици балзамиран оцет, малку сол.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...