Почетна / Здравје и исхрана / Сакате ли Таан ?

Сакате ли Таан ?

Таанот во супермаркетите се наоѓа во делот на здрава храна. Еве и зошто. Таанот е паста или намаз кој се добива со мелење на излуштени семиња и во балканската и во медитеранската кујна. Исто така се подготвува во Азија, но таму се мели неизлуштено семе и служи во облик на хумус и алва. Обично, непреработеното семе од сусам уште се вика суров таан. Како што знаете, сусамот е здрава храна, па и производот од него е исто така здрав. Таанот го спомнува уште од 13 век еден Арапски кувар, Кинезите исто го користат од дамнешно време во некои Сачуан рецепт. Таанот традиционално се користи во кујната на Индија, Кореја и Јапонија.

Како се прави таанот и што содржи?

Таан, сусамов путер. Различно именуван а исто нешто. Таанот се произведува така што сусамовото семе се потопува во вода и потоа се дроби за сусамовото семе да се излушти. Потоа излуштеното семе се става во солена вода а остатоците од лушпи потонуваат. Ако се тргне од луштење на семето сусам, тогаш правиме прескокнување на првиот чекор. Семето кое се собира од површината , се печи и мели и така се добива паста која е поприлично масна. Ако сепак го купувате заради големата количина на масло, се препорачува таанот после отворање на теглата да го чувате во фрижидер, за да не се уништи. Ова е особено важно за органскиот таан кој нема адитиви.

Во Грција и земјите на СФРЈ најчесто се конзумира како намаз на леб, самостојно или со џем и мед. Кога го купувате може да приметите дека на врвот на теглата се издвојува слој на масло, но тоа е сосем нормално. Таанот кој е произведен од свеж сусам е помалку масен за разлика од таанот кој е добиен со печење на сусамовото семе.

Калориската вредност е 595 kcal /100 g, што значи дека е изразено калоричен. Од 100 грама дури 21 гр се јаглени хидрати, 17 гр белковини, 54гр масти, 3гр вода. Од витамините добар извор е на витаминот Б комплекс и малку витамин А. Од минералите најмногу има фосфор, калциум, железо, манган, цинк, калиум и магнезиум.

Таанот е одличен извор на бакар, манган и аминокиселина метионин. Извор е на здрави масни киселини, омега 3 и омега 6. Содржи и висока количина на калциум и протеин, па затоа се препорачува во вегетаријанска или веганска исхрана. Ако таанот го споредиме со путер од кикиритки кој е најсличен, таанот има повеќе влакна и калциум, а помалку шеќер и заситени масти. Се на се – претставува здрава намирница на чиј вкус треба да се навикнеме.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...