Почетна / Рецепти / Роловани тиквички со сирење

Роловани тиквички со сирење

Овие роловани тиквички со сирење се совршени за предјадење или како додаток на ручек, а се богати со растителни влакна, протеини и незаситени масти 
Состојки:
– 3 мали тиквички (околу 200г секоја), се сечат надолжно во парчиња со дебелина од околу 7 – 8 мм
– 1 лажица маслиново масло
– 1/8 лажичка сол, или повеќе по вкус
– 1/16 лажичка свежо мелен црн пипер, или повеќе по вкус
– 45 г Битолско кравјо сирење
– 1 лажица сецкан свеж магдонос
– 1/2 лажичка свеж сок од лимон
– 60 г спанаќ (2 чаши лесно спакувани)
– 1/3 чаша листови свеж босилек
Подготовка
1. Загрејте скара или тава за скара на средна температура.
2. Отфрлете ги крајните парчиња од тиквичките; а останатите со четка премачкајте ги со масло од двете страни. Попрскајте на тиквичките сол и бибер. Печете ги околу 4 минути од секоја страна. Тиквичките може да се подготват еден ден претходно и да се чуваат затворени во сад во фрижидер.
3. Во мал сад се ставаат кравјото сирење, магдоносот и сокот од лимон и се мешаат со вилушка.
4. Ставете 1/2 лажичка од мешавината со сирење на парче тиквичка, околу 1,5 см од крајот на тиквичката. Над мешавината ставете неколку ливчиња спанаќ и мало ливче босилек. Свиткајте ја тиквичката и наместете ја на послужавник. Повторете го ова со останатите парчиња тиквички.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...