Почетна / Рецепти / Ролнички со модар патлиџан

Ролнички со модар патлиџан

Со потпечениот модар патлиџан за многу кратко време ќе приготвите многу вкусен, диетален но воедно и хранлив и здрав оброк.
Наш предлог за денес се вегетаријански сармички

Подгответе кафеав ориз, и исцедете го откако ќе се свари.
Изблендирајте авокадо со лажица маслиново масло, малку кромид, малку лук, изрендан морков на ситно и исецкан домат. Оваа содржина измешајте ја со оризот и свиткајте ја во ролнички со помош на исецканиот модар патлиџан од Випро.

Свиткајте ја сармичката, наредете ја во сад за печење и прелијте ја со една лажица маслиново масло, исецкано чешне лук и 1 лажица исецкан магдонос.

Потпечете 15 минути сервирајте…

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...