Почетна / Рецепти / Ролат од банани и јаболко

Ролат од банани и јаболко

Освежителен, овошен ролат идеален за топлите денови

Состојќи   

  • 250 грама маргарин
  • 300 грама мелен кекс
  • 150 грама шеќер во прав
  • 4 јаболка
  • 3 + 4 банани
  • 100 грама чоколадо
  • 1-2 лажици масло ( за глазура )

Подготовка:Изматете го маргаринот и шеќерот во прав, додадете го мелениот кекс, измешајте, потоа додадете ги изренданите и од сок исцедените јаболка, како и три изгмечени банани. Направената смеса раширете ја во фолија. Преку смесата наредете 4 банани една по друга, по крајот и направете ролна. Ставете во фрижидер да се стегне. Пред да послужете на ролатот ставете глазура од чоколадо, а за мрсна варијанта ставете изматен шлаг.

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...