Почетна / Рецепти / РИЖОТО СО ШИТАКЕ ПЕЧУРКИ

РИЖОТО СО ШИТАКЕ ПЕЧУРКИ

Шитаке печурки потекнуваат од Јапонија, се користат за јадење но и за лекување. Содржат многу вода, малку маснотии и калории, содржат сите витамини од Б група, есенцијални масни киселини и целулоза. За денешниот ручек Ви препорачуваме да подготвите здрав и вкусен рижото со шитаке печурки. Подготовката е лесна а она што е сигурно е дека Вашите најсакани ќе бидат одушевени од феноменалниот вкус.

Потребно Ви е:

  • 500 грама сушени шитаки печурки
  • 500 грама ориз
  • Една лажица масло
  • Лук
  • 0,5 децилитри бело вино
  • Една лажица свежо исечкан магдонос
  • Сол
  • Црна пипер по вкус

Подготовка: Измијте ги печурките, а потоа потопете ги во вода додека не набабрат. Во тавата за пржење додадете го маслото, почекајте да се загрее, па потоа додадете ситно исечкан лук и исечканите печурки. Пржете ги на умерена температура 7-8 минути, додадете ја солта и црната пипер, потоа зголемете ја температурата, турете бело вино и пржете додека течностите не испарат. За тоа време измијте го и сварете го оризот, процедете го и додадете го во тавата каде што се пржи се останатото. Пржете се заедно околу 3-4 минути, доколку е потребно додадете уште сол и на крај наросете со магдонос и сервирајте дури е топло. Добар апетит!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...