Почетна / Здравје и исхрана / Рибизли – мали витамински бомби!

Рибизли – мали витамински бомби!

Тешко е да се замисли дека во толку мал и нежен плод на рибизла се наоѓа толку многу витамини и дека обилуваат со витамин Ц. Исто така рибизлите содржат и органски киселини, пектини и танини.

Плодот на рибизлата потсетува на минијатурна верзија на грозје, а плодовите имаат  обично црвена, бела или црна боја. Црната е обично погорчлива од останатите видови, додека црвената и белата имаат освежителен и благо – кисел вкус.

Рибизлите се препорачуваат како на здравите луѓе така и на заболените од бубрежните заболувања, различни инфекции и кај проблемите со пробавата. Рибизлите помагаат во детоксикацијата на организмот. Познато е дека рибизлата е добра и кај менструалните болки и проблемите во менопаузата. Рибизлите во народната медицина кај племиња на домородците во Америка и ден денес ги користат за зголемување на плодноста кај жените. Поред витаминот Ц рибизлата е добар извор на витамин К, па се препорачува за одржување на здрави коски.   .

Рибизлата е добра да се јаде и во случај на грип, зарипнатост, кашлање, гихт, реума, анемија и недостиг од витамини со цел да се зајакне организмот. Рибизлите се препорачуваат кај чирот на дванаестопалечно црево и желудник, гастритис и намаленото лачење на киселини во желудникот. Црвената рибизла го подобрува апетитот и ја намалува жедта, па може да се користат и во диетите за дебелење.

Најчесто црвените рибизли се јадат како ужина во свежа состојба или во облик на мармелад, желе или во облик на сок. Многу е здраво и виното од рибизли. Црната рибизла најчесто се преработува во сокови. Црвената рибизла лесно се одгледува, но се бери рачно, за разлика од црната рибизла каде што плодовите се берат механички.

.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...