Почетна / Здравје и исхрана / Револуција на начинот на исхраната- да се храниме здраво, да се храниме со органски производи

Револуција на начинот на исхраната- да се храниме здраво, да се храниме со органски производи

Исхраната со органска храна и користењето на органски производи може да го промени и подобри начинот и квалитетот на нашиот живот.

Сте ја чуле ли изреката ние сме она што го јадеме?

– Она што го ставаме во нашата уста е најчестата причина за нашата физичка состојба, зголемената конзумација на глутен предизвикува многу болести како: дебелеење, појава на дијабетис, појава на рак, конзумацијата на храна одгледувана со пестициди и неоргански и синтетички ѓубрива предизвикува појава на алергии, намален имунитет, анемија и најразлични аномалии и болести.

Што всушност означува терминот органска храна?Правењето на одлуки околу начинот на исхрана и поздрав живот се едни од најважните кои можеме да ги донесеме кога станува збор за нашето здравје и здравјето на нашето семејство. Покрај исхраната со зеленчук, овошје, зрнеста храна и добри масти се јавува прашањето кое навистина не загрижува сите нас- Дали храната која ја јадеме е безбедна, хранлива и одржлива?
Начинот на одгледување на храната има огромен импакт врз нашето здравје, а воедно и врз средината и природата во која живееме. Битно е да се разграничат неколку концепти кои се наметнуваат врз храната и да ни стане јасно што всушност е органско, што е конвенционално, што е ГМО, а што е локално произведена храна.

Органските производи се обезбедуваат преку производство на незагадена и ослободена од било какви пестициди  почва. Органскиот начин на производство го поттикнува основниот начин на производство на храна кој се користел од памтивек-а тоа е природниот начин на производсто на храна за таа да има вистински вкус, да ги содржи во себе вистинските нутриенти, вистинска храна со вистинска големина, боја, вкус и придобивки кон здравјето на човекот, а сето тоа се постигнува преку исполнување на стандарди и критериуми кои го гарантираат сето тоа. Со еден збор со органската храна- сертифицираната, добивате чесен збор за потеклото на самата храна, начинот на незиното одгледување, безбедноста за незиното конзумирање со што добивате гаранција за производите кои ги купувате.

лук

Кои се предностите на органските производи?

Органските производи, споредени со конвенционалните производи (оние кои можеме да ги најдеме на нашите пазари, маркети, продавници и дисконти) ги имаат следните бенефиции:

1. Органските производи во себе содржат повеќе нутриенти, антиоксиданси, минерали и витамини;
2. Органските производи содржат помалку пестициди (инсектициди, хербициди и фунгициди), хемикалии и загадувачи кои често се достапни кај конвенционалните производи.
Алергиите на храна најчесто се предизвикуваат од пестицидите со кои е загадена храната која секојдневно ја конзумираме без да сме свесни за тоа. Преминувањето на исхрана со производи кои се означени како органски не само што ќе ги намали симптомите на алегијата и ќе ги олесни, туку и ќе го подобри нашиот имунитет;
3. Органската храна е посвежа, а свежата храна е секогаш највкусна.
Свежиот вкус на органската храна се должи на некористењето на презервативи кои конвенционалната храна ја прават да има подолг рок на траење.
4. Органски одгледуваните говеда и животни се хранат со свежа и чиста храна и не им се даваат антибиотици. Што тоа значи за нашето здравје? Конвенционалното месо и месото третирано со хормони и антибиотици во нашиот организам предизвикува пренос на низи на бактерии резистентни на антибиотици, па затоа доколку се разболиме од ваквиот тип на бактерии нашето тело веќе станало резистентно на антибиотиците и не може да се бори против нив, затоа често имаме појава на пад на имунитетот, смртноста од срцеви напади предизвикани од масна храна се зголемуваа се зголемува и појавата на нови болести.
5. Органската храна не содржи ГМО.
ГМО означува дека растенијата или животните добиваат изменување во ДНК молекулата што ги прави поинакви од останатите кои нормално би се развиле, а тоа се прави се со цел зголемено производство на храна по пониски цени за сите масина луѓе.
Дали сте забележале како пилињата -бројлери немаат пол, се хранат со храна со хормони за раст, побрзо добиваат на тежина, побрзо растат и се развиваат од било која живина, дали сметате дека е здраво да се храниме со нив?

Што се случува со нашето тело и организам кога се  храниме со храна одгледувана со хормони и пестициди?

Бројни истражувања укажуваат на тоа дека исхраната со храна прскана со пестициди па и во мали дози може да предизвика и да го зголеми ризикот на појава на одредени видови на рак како: леукемија, мозочни тумори, рак на градите и рак на простата.
Особено внимание треба да се обрне на исхраната во бременоста како и на самите деца затоа што нивниот имун систем, тела и мозочиња се во развој. Изложеноста на пестициди на мала возраст може да предизвика одложување во развојот, бихејвиорални пореметувања, аутизам и моторна дисфункција.

5-Tips-for-Growing-Your-Own-Organic-Food

Кај кои производи органскиот знак игра најголема улога?

Постојат одредени видови на овошја и зеленчуци кои можат да бидат особено токсични поради тоа што во себе ги задржуваат трагите од пестициди и ѓубрива во процесот на производството. Кај ваквиот тип на производи треба да се обрнува особено внимание при консумацијата поради нивната потенцијална токсичност и истите да се заменат целосно со органски производи.

Тоа се: јаболка, бели пиперки, краставици, целер, компири, грозје, чери домати, тиква, нектарини, праски, спанаќ, лути пиперки и јагоди.

За разлика од овие производи, постојт конвенционални производи врз кои влијанието на пестицидите е помало, а тоа најчесто се должи на нивната лушпа, самите производи се поотпорни на штетниците и на пестицидите, и се помалку токсични. Во оваа листа влегуваат : аспарагус, авокадо, печурки, зелка, слатка пченка, киви, манго, кромид, папаја, ананас, сладок компир, грејпфрут и канталопа.

Мит: Миењето и лупењето на производите ја намалува нивната токсичност.
Со миењето можат да се редуцираат, но не и отстранат токсините од храната. Еден добар и поефикасен  начин да се направи тоа е нивното лупење, меѓутоа со лупењето се губат главните нутриенти кои често се наоѓаат во кората.

Совет: За да бидете што е можно поздрави, јадете мешана исхрана богата со овошје и зеленчук, темелно мијте ги и што е можно купувајте и конзумирајте повеќе органски производи.
орг 2Од сега за вас полесен е пристапот до органски производи преку новиот Органски базар кој се одржува секој Четврток во Скопје- Сити Мол под покровителство на Беорг и пријателите.
Овој проект е одличен начин и  чекор понапред за да ви овозможи вас да живеете поздраво и да се храните поздраво. На Органскиот Базар можете да пронајдете секакви органски производи : од свеж зеленчук, свежо овошје, мед, сокови, козметика, мешукнасти плодови и слично. Секој производ е локален сертифициран и органски.
Покрај Органскиот пазар, производите на Беорг  можете да ги пронајдете и во специјализираната продавница лоцирана на улица Апостол Гусларот 50, позади поликлиника Млин Балкан, во куќата на слаткарата Перфето.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...

Еден коментар

  1. Ova e ona sto mu treba na sekoj od nas. Dali mu stavime STOP na GMO od koj sto site sto go koristat zivejat poloso, i imaat pokratok zivot. Od nas zavisi so sto ce se hranime. Napravete pameten i mudar izbor.