Почетна / Диети / Рецепти за подготовка на сладок компир на 3 начини

Рецепти за подготовка на сладок компир на 3 начини

Слаткиот компир (Батат) може да се подготвува на повеќе начини, било да станува збор за благи или пак солени рецепти.

Со оглед на тоа што во нашето поднебје не преовладува премногу овој вид на компир и не е застапен во традиционалната кујна време е да научиме заеднички како да го подготвуваме – но на еден здрав но воедно вкусен начин.

Прв рецепт: Печен батат со рузмарин
Исецкајте го компирот на зарешки без  да го лупите по целата неова површина (погледнете на сликата)
Ставете го во тепсија за печење. Попрскајте го со маслиново масло, зачинете со рузмарин, црн бибер, хималајска сол и зачини по вкус.
Се послужува со павлака или со зелена салата.

Втор рецепт: Компиричиња од сладок компир (здрава верзија)
Потребни состојки:

– 1 кг сладок компир исецкан на тенки стапчиња
– маслиново масло
– сенф
– црвен бибер
– зачин лук во прав

Врз мрсна хратија во тепсија за печење ставете го компирот исецкан на парчиња.
Во посебен сад измешајте 3 лажици маслиново масло, лажица црвена пипер, зачин лук во прав и пропрскајте од содржината врз компирот.  Печете додека компирчињата не добијат златеста боја.
Послужете со пире од домати или павлака во која ќе исецкате малку лукче, краставица и ќе исцедите лажица лимон.

Рецепт број 3: Зеленчукова чорба со батат.
Изрендајте еден морков и пропржете го на маслиново масло.
Додадете 1 благ компир исецкан на 4 дела, пропржете го и него. Исекјате свежи печурки и тие многу картко пропрчете ги во содржината.
Додадете малку ситно исецкано лукче, ситно исецкан магдонос и веднаш додадете претходно подготвен бујон од коцка од зеленчукова супа.
На оваа чќорба можете да додадете ситно исецкана брокула и изрендан пашканат .
Додадете црн бибер и малку хималајска сол.
Откако ќе биде готова чорбата, од содржината извадете ги 4те парчиња компир и испасирајте ги во блендер и додадете ги во бистрата ода која сега ќе наликува на крем супа со цели парчиња зелечук.
Ви препорачуваме да додадете малку лимонов сок и да послужите додека е топла.


На здравје!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...