Почетна / Рецепти / Рецепт за вкусна Штипска пастрмајлија

Рецепт за вкусна Штипска пастрмајлија

Кога ќе ве прашаат каде има најдобра пастрмајлија во Велес или пак во Штип- тогаш изберете по сопствен вкус – дали ви се допаѓа со јајце или бе зјајце или пак со или без пастрма. Пастрмајлијата е највкусна кога е испечена во фурна на дрва наместо во класичната печка меѓутоа ќе биде доста вкусна и доколку се подготви во шпорет.

Денес одлучивмее да ви покажеме рецепт за Штипска пастрмајлија која не се премачкува со јајце.
Тајната на оваа пастрмајлија е во црвената пипер која треба да е малку лутка но не и прелута.

Се избиа свинско или пилешко месо по ваш вкус. Месото се сецка на ситни коцки и се маринира во зачини и треба да остои барем неколку часа. Идеални зачини се сол, бибер, црвен бибер.
Месото се пропржува во тавче – ве осветуваме тоа да го направите на малку путер или маслиново масло.
Тестото се подготвува класично со млака вода, сол, шеќер, брашно и се остава да остои и се размесува (Штипјани додаваат и свинска маст но поради здравствениот аспект ние ќе го избегнеме овој чекор.)

Секое парче од тестото се замесува во елипсовидна форма и врз него се става пропрженото месо.
Пропрскајте малку масло врз секоја пастрмајлија за да го добие сјаниот изглед.
На оваа пастрмајлија нема печурки туку лути феферончиња. Доколку сте љубители можете да ставите се што ви се допаѓа и да направите сопствен микс.
Ние ви предлагаме пилешко месо со рукола и сецкани сушени домати и маслинки – превкусна комбинација.

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...