Почетна / Диети / Рецепт за Смути кој ова лето ќе ви даде енергија

Рецепт за Смути кој ова лето ќе ви даде енергија

Во текот на летните месеци, под влијание на високите летни температури нашето тело губи повеќе течности од вообичаено. Внесот на течности во телото е многу битен за одржување на балансот на организамот и неговото правилно функционирање. За да се чувствувате подобри, поенергични, полни со елан, денес Ви нудиме вкусен рецепт за Смути со банана, киви и Spirulina Pacifica.

Ова вкусно Смути ќе ви помогне при подобрување на вашиот имунитет, добросостојба и ќе ви помогне да го подобрите вашето расположение, што за време на ваквите летни температура веруваме дека ќе ви биде одличен стимуланс за зголемување на вашата енергија во текот целиот ден.

Рецепт за банана-киви Смути за подобрување на расположението.

Потребни состојки:

  • 1 замрзната банана
  • 2 киви (исецкани на коцки)
  • 1 рака замрзната аронија
  • 1 чаша ќефир

Состојките се мешаат во блендер заедно и пет минути пред да се создаде целосна хомогена смеса се додава една лажица Spirulina Pacifica.
Овој вкусен напиток го препорачуваме да го пиете за време или пред оброк, а за да има најголем ефект најдобро е да се консумира пред ручек.

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...