Почетна / Здравје и исхрана / Рецепт за пилешко со брокула и крем сирење

Рецепт за пилешко со брокула и крем сирење

Денешниот рецепт не спаѓа во низата на најздрави рецепти кои сме ви ги прикажале, но е вкусен деликатес кој би можеле да си го дозволите во деновите кога сакате да се опуштите и да уживате во вкусен деликатес со саканиот, пријателите или пак семејството. Овој оброк ќе го обожаваат дури и најмладите иако во неговиот состав влегува не толку омилената за нив брокула.
Ние оброкот го приготвивме за гости во луксузни чинии со додаток пармезан – би можело и без него.

Што ви е потребно за подготовка на овој рецепт?
– пилешки гради;
– брокула;
– неутрална павлака;
– крем сирење;
– сол, црн бибер, куркума;
– кромид;
– ориз;
– свеж магдонос;

Подготовка:
1.Оризот се вари и се остава малку на пареа со цел да ја задржи својата форма.
2.На пареа обарете ја брокулата, зачинете ја со малку хималајска сол и бибер.
3. На малку маслиново масло пропржете ситно изрендан кромид (во зависност од количината која ја припремате, гледајте да не е премногу застапен за да не доминира во јадењето)
4. Додадете го на коцки исецканиот стек пропржете додека не е готов- не препржувајте го.
5. Додадете неутрална павлака, додајте хималајска сол, четврт лажичка куркума и бибер и продинстајте ја содржината во тавата
6. На веќе скоро готовата содржина додадете лажица крем сирење
7. На самиот крај додадете ја брокулата и измешајте ја содржината.
8. Додадете ситно исецкан магдонос и послужете
9. За посебни прилики додадете и лажица ситно изрендан пармезан.

Се јаде додека е топло – на здравје!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...