Почетна / Рецепти / Рецепт за печено јагнешко месо

Рецепт за печено јагнешко месо

Доволен е за 6 лица

2 лимони (се ренда кората и се цеди содржината)

3 лажици оригано

3 лажици мајчина душица

1 лажица морска со

2 лажици црн бибер

2-3 kg jагнешно месо /бут

3 лажици маслиново масло /ладно цедено

1 главица лук

3 лажици свежи листови од рузмарин

Во мала чинија измешајте ги претходно споменатите зачини заедно со сокот од лимон и кората од лимон.
Slices of Arni Psiti (Roast Lamb)

Месото премачкајте го со масло, па потоа додајте сол и црн бибер.
Направете мали засеци и во засеците ставете дел по дел од содржината во чинијата.
Во секој засек додавајте главичка лук.
Месото најдобро е да се маринира по претходно споменатата постапка една вечер претходно и да се остави завиткано во најлонска фолија во фридижер на температура за одржување.
Се пече следното утро во претходно загреана рерна околу 3-3.5 часа на средна температура прво со фолија а подоцна и без фолија со цел да добие убава боја.

 

Ќе добиете превкусно подготвено месо кое само се кине со раце.
На здравје!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...