Почетна / Рецепти / Рецепт за највкусната лазања

Рецепт за највкусната лазања

И благодариме на Оливера што не почести со ова превкусно задоволство, па за таа цел денес со вас го споделуваме нејзиниот рецепт за подготовка на лазања која верувајте до сега е највкусната која сме ја испробале . Овој рецепт е одличен за ручек за гости или повеќе члено семејство затоа што сите ќе уживаат а ќе има и репете.

Подготовка:
– 500 мл доматен сос
– 1кг мелено месо
– 2 пакетчиња лазањи
– маслиново масло
– кромид
– морков
– кашкавал
– оригано, бибер, црвена пипер и сол
– малку лук
– кашкавал и малку пармезан

Кромидот ситно се сецка и се пропржува во тава.
Откако ќе се пропржи во кромидот се додава ситно изрендан морков и меленото месо. Се додаваат зачини.
откако ќе добие убава боја во месото се додава малку лукче ситно исецкано и доматниот сос.
оставете да прокрчка месото заедно со доматниот сос околу 5 минути.
На дното на длабока тепсија се реди ред кори за лазања и се потураат со сосот, па така следен ред се додека не се истроши смесата. Постапката се прави додека е сеуште топол сосот.
Се остава тепсијата да излади некои 10 минути па се става во рерна да се пече на 150 степени околу 45 минути . Пред самиот крај на печењето над лазањата се реди цел ед изрендан кашкавал и малку пармезан .
Откако ќе зарумени се вади и се сече на коцки. Се јаде и топла и ладна затоа што оваа верзија не е со бешамел сос.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...