Почетна / Рецепти / РЕЦЕПТ ЗА ИНТЕГРАЛЕН ВКУСЕН КЕКС

РЕЦЕПТ ЗА ИНТЕГРАЛЕН ВКУСЕН КЕКС

Рецептот за интегрални кекс е економичен, здрав и лесен за подготовка. Овие кекси можат да траат долго време, можат да се консумираат сами или со намази. Идеални се за пат. Неколку кекси и јогурт и сосема е доволно за утрински појадок.

Состојки: 100 грама овесни снегулки, 100 грама јачмени снегулки, 100 грама ржани снегулки, 100 грама трошки од соја, 100 грама сусам, 2 лажици ким, 2 лажици сол, 200 милилитри млеко, 200 милилитри вода, 200 милилитри масло, 250 грама истопен путер, 3 јајца, 600 грама интегрално брашно, 1 пакетче прашок за печиво.

Подготовка: Измешајте ги сите суви состојки (100 грама овесни снегулки, 100 грама јачмени снегулки, 100 грама ржани снегулки, 100 грама трошки од соја, 100 грама сусам, 2 лажици ким, 2 лажици сол). Потоа додадете го млекото, водата, маслото, путерот, јајцата, интегралното брашно и прашокот за печиво и повторно се добро измешајте. Ставете ја смесата во фрижидер да поседи половина час. Кога ќе ја извадите смесата од фрижидер измесете ја убаво и повторно ставете ја во фрижидер да поседи 2 часа. Кога ќе ја извадите смесата, половина ставете на работната маса и со сукалото истанчете на 5 или 7 милиметри дебелина. Со чаша со пречник од 7 до 8 сантиметри вадете кругови и редете ги во тавата за печење која е обложена со хартија за печење. Повторете ја истата постапка и со другата половина. Печете ги кексите 30 минути на 170 степени.

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...