Почетна / Рецепти / Рецепт за баклава по повод денешниот празник Курбан Бајрам

Рецепт за баклава по повод денешниот празник Курбан Бајрам

На сите припадници од муслиманската вероисповед им го честитаме денешниот верски празник Курбан Бајрам.

Една од првите асоцијации која ја добивме кога помисливме на овој празник е превкусната баклава.
Доколку сакате да дознаете кои се тајните на оваа превкусна баклава иако е висококалоричен десерт богат со шеќер, денес споделуваме со вас  рецепт како да ја приготвите и секако да ја консумирате во ограничени количини иако не можете и толку лесно да и одолеете 😀 , a не можеме ни Ние.

Која е тајната на оваа превкусна баклава?
– па секако домашните исучени кори, но со оглед на тоа што потребно е големо време за нивна припрема денешниот рецепт ќе ви го понудиме со готови кори, за подготовка на корите ќе напишеме и посебен текст.

Потребни состојки:
За корите:

  • 500гр танки готови кори
  • 300гр мелени ореви
  • 50гр мелени ф’стаци (за украсување не за фил)
  • 50 гр мелени бадеми
  • 50гр мелени лешници
  • 150-200 гр путер

    За шербетот:

  •  900гр шеќер
  • 900мл вода
  • еден исцеден лимон
    dsc_0421-1porn
    Подготовка:
    На тивок оган се става да се растопи путерот.
    На дното на тепсија во правоаголна форма- оптимално се става една кора, се попрскува со растопениот путер, па се става повторно кора, се попрскува, па се става трета кора која цела се премачкува со четче со путерот. Врз третата кора се става мал дел од претходно подготвената смеса од измелени јатки. Постапката продолжува по истата динамика, секоја 3та кора се реде со јаткастите плодови. Кога е готова баклавата прецизно се сече. Се остава да отстои од 15-30 минути. Баклавата се пече во загреана рерна од 150-180 степени додека не добие совршена боја.
    Шербетот се вари на тивок оган.
    Кога ќе ја извадите баклавата а исто и шербетот оставете ги да се оладат се додека не бидат млаки.
    Додека е млака баклавата се потура со половина од шербетот.
    Нека отстои 30 минути и постапката повторете ја со остатокот од шербет.
    Се остава да остои преку ноќ.
    Се посипува за декорација со измелени печени ф’стаци.

     

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...