Почетна / Рецепти / Рецепт со посен мајонез

Рецепт со посен мајонез

Посна салата од компири и туна

Состојки:

  • 4 варени поголеми компири
  • 5 кисели краставички
  • 1 киска магдонос
  • 185 гр сецкана туна од конзерва
  • 250 гр посен мајонез
  • 150 мл бело вино
  • 100 гр црни и зелени маслинки
  • 1 лимон
  • сол и црн мелен бибер.

 

Приготвување:

1. Најпрво варените компири и краставичките се сецкаат на ситни коцки. Ситно се сецка и магдоносот.
2. Вака исецканите компири, краставички и магдонос се мешаат во подлабок сад.
3. Потоа во садот се додаваат туната, мајонезот и белото вино.
4. Посолуваме и наросуваме црн мелен бибер. Мешаме со лажица додека да се добие еднолична смеса.
5. Салатата ја нанесуваме во чинијата за сервирање, а лимонот го сецкаме на тенки кругови кои ги засекуваме од едната страна, ги свиткуваме во форма на осумки и ги ставаме во средината на салатата. Декорираме со неколу црни и зелени маслинки.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...