Почетна / Совети за здравје / РЕШЕТЕ СЕ ОД ПРАЗНИЧНИОТ СТРЕС!

РЕШЕТЕ СЕ ОД ПРАЗНИЧНИОТ СТРЕС!

За време на Новогодишните и Божиќните празници луѓето непромислено трошат многу пари и тоа на работи кои не им се неопходни. И поради тоа и поради други работи луѓето се под стрес во тој период. Но доколку се придржувате до следните корисни совети, празниците ќе ви поминат без стрес.

Запрашајте се дали Вашите очекувања кои се поврзани со празниците се реалистични? Дали од празниците очекувате премногу? Доколку очекувате дека тоа ќе биде одличен период без стрес, дали децата ќе бидат мирни, дали Вие ќе добиете се она што го сакaте, ќе се разочарате. Намалете ги очекувањата и избегнете го разочарувањето.

Застанете и релаксирајте се. Кога членовите од Вашето семејство ќе почнат да Ве нервираат, насмејте се самите на себе си. Смејте се на другите. Смејте се за време на празниците.

Празниците не се погодно време за семејните недоразбирања. Решавањето на проблемите оставете ги за некој друг пат.

Ако си наметнете милион обврски во текот на празниците, ќе пукнете во еден миг. Доколку поканите премногу луѓе во Вашиот дом, ќе морате повеќе да потрошите пари. Поштедете се од маките, ако не сакате тоа да го направите.

Кога се празници најважно е да бидете во кругот на Вашето семејство или пријатели, да се чувствувате убаво и да се смеете. Се останато е помалку битно.

Ако за време на празниците се чувствувате празно и осамено, подарувајте повеќе на другите. При тоа не се мисли само на поклоните, туку на вниманието и времето. Направете ги другите да бидат среќни и така ќе бидете и Вие среќни!

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...