Почетна / Совети за здравје / Решете го проблемот со масните наслаги на ефикасен начин!

Решете го проблемот со масните наслаги на ефикасен начин!

Масните наслаги кои се наталожени на стомакот, бутовите, колковите и задникот претставуваат и естетски и здравствен проблем. Исхраната која е богата со прости шеќери и нездрави масти и запоставување на физичката активност се главен причинител за таложењето на масти и се предиспозиции за дебелеење, што е причина за настанување на бројни здравствени проблеми.

Масните наслаги се aкумулираат во текот на подолг период

Современиот начин на живот носи со себе премногу поминато време на работа, немаме можност да подготвуваме оброци, туку јадеме брза храна, која има голема калориска, но мала нутритивна вредност. Телото добива “празни” калории, кој не се трошат затоа што немаме адекватни физички активности и тој вишок на јаглени хидрати се претвора во масти. Со текот на времето мастите се таложат и резултатот е дебелина.

Добра волја и мотивација

Решение за елиминација на масните наслаги постои, но со оглед на тоа што масните наслаги не се наталожиле во текот на една ноќ, исто така неможат ни да се елиминираат во целост толку брзо. Борбата за намалување на масните наслаги е тешка и долготрајна но добрата волја и мотивираност се многу важни и претставуваат прв и најважен чекор во процесот на решавање на проблемот.

Корекција на исхраната

Иако е тешко да се балансираат оброците и целодневните обврски, пробајте да ги испочитувате основните препораки. Доручекот е задолжителен и немојте да го прескокнувате дури и кога не осеќате глад. Одлична ужинка е овошје. Брз и здрав ручек би било стек на скара и салата или туна со зеленчук кои можете да ги купите додека одите на работа.

Умерена физишка активност

Постепено воведете физичка активност во вашиот распоред, почнете со пешачење, па со брзо одење, трчање, пливање..

Дополнителни третмани

Ако решивте засекогаш да го промените начинот на животните навики, истовремено со овие совети, најдобро е да користите и дополнителни ефикасни третмани со кои полесно ќе стигнете до посакуваната цел.

 

 

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...