Почетна / Здравје и исхрана / РЕН – ЛУТ НО ВКУСЕН И ЗДРАВ КОРЕН

РЕН – ЛУТ НО ВКУСЕН И ЗДРАВ КОРЕН

Пикантниот вкус и остриот мирис, кои потекнуваат од етеричните масла, придонесоа ренот да стане ценет зеленчук. Кај гурманите е популарен како салата и додаток во исхраната со единствена арома. Уште повеќе се ценат лековитите својства на ренот, за кои стручњаците потврдуваат дека се слични со делувањето на лукот.

Овој повеќегодишен зеленчук припаѓа во фамилија на зелките. Потекнува од југоисточна Европа и одамна е познат. Германците го прифатија дури во XIV, а Французите и Англичаните, само како лековита билка во XVI век. Во текот на многубројните војни го консумирале ранетите но и здравите војници, затоа што се сметало дека ренот влијае на издржливоста и моралот.

Ренот се препорачува во студените периоди затоа што е докажано дека неговата арома помага во спречување и лекување на настинка. Консумирањето на ренот го поттикнува создавањето на слузта па така ја смирува кашлицата, а ги олеснува симптомите на воспалени синуси.

Свежиот корен на рен е богат со витамин Ц, а содржи уште и калциум, калиум, магнезиум и етерични масла кои му даваат лутината. Посебно е поволно да го додавате во мрсните јадења бидејќи ја поттикнува пробавата така што го стимулира лачењето на соковите во желудникот и цревата.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...