Почетна / Совети за здравје / Реагирајте на време: Препознајте ги симптомите на мозочниот удар

Реагирајте на време: Препознајте ги симптомите на мозочниот удар

Брзото делување во случај на мозочниот удар може да Ве спаси од тешките оштетувања, па дури и од смртта. Кај ваквите ситуации битна е секоја минута.

Со секои 15 минути порано одење на доктор, се намалува ризикот од тешките последици и смртта за 4%, се наведува во една студија која е спроведена на повеќе од 58.300 пациенти со мозочен удар, која е објавена во весникот Journal of American Medical Association.

Тие 15 минути порано одење на доктор влијае и на времето на напуштањето од болницата. За 4% е зголемена и веројатноста за отпуштање од болницата, а за 3% шанса да Ве пуштат дома и да не Ве пуштат на рехабилитациски центар или дом за стари лица затоа што повеќе самостојно не можете да живеете.

Мозочниот удар е состојба на намалената циркулација на крвта во мозокот, поради што доаѓа до ненадејното губење на мозочните функции. Тоа е еден од водечките причинители за смртта во голем дел од развиените земји, а повеќе од половина преживеени луѓе кои се постари од 65 години по ударот ја губи способноста за одење.

Секоја минута која ќе помине без лекување, се губат  два милиони неурони. Колку е брзината важна покажува податокот дека дури 15 минутно доцнење со почетокот на лекувањето, оставаат последици. Доколку постојат проблеми со лицето, со функцијата на раката или говорот, не чекајте, реагирајте на време!

Како да ги препознаете симптомите?

Лицето – олабавеност      

Дали едната страна на лицето не реагира? Кажете и на личноста да се насмее. Дали е насмевката е неуедначена?

Рацете – слабост   

Дали една рака е послаба или во неа нема осет? Речете и на личноста да ги крени двете раце. Дали и паѓа едната рака?

Тешкотии при зборувањето 

Дали е зборувањето нејасно? Личноста не може да зборува или е тешко да ја разберете? Замолете ја личноста да ја кажи едноставна реченица и дали ќе ја кажи како што треба?

Време – повикајте итна помош   

Доколку некој покажува било кој од овие симптоми, дури и ако симптомите ќе се повлечат повикајте итна помош или што побрзо однесете ја личноста во болница.

Најчести симптоми на мозочен удар се:    

-здрвеност, слабост или укоченост на лицето, рацете нозете или целата половина на телото.

– Пореметување во говорот, неразбирливо и отежано зборување или потполна неможност за зборување.

– Ненадејно замаглување на видното поле во целост или делумно, или губење на видот најчесто на едното око.

-Ненадејна силна главоболка пратена со повраќање без јасна  причина.

-вртоглавици, губење на рамнотежа поврзано со другите симптоми.

– пролазни симптоми – сите наведени симптоми, со пократок интензитет се нарекуваат транзиторни исхемички атакци ( ТИА), можат да бидат предупредувачки знак за мозочен удар, па е неопходна неуролошка обработка.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...