Почетна / Совети за здравје / Разбудете се расположени и полни со енергија

Разбудете се расположени и полни со енергија

Дали Ви преставува проблем да станувате рано  наутро, се чувствувате уморно и исцрпено и по осум саати сон ? Докторите и експертите тврдат дека нашите навики и однесување пред заминување во кревет, како и будењето во голема мера влијае како ќе се чувствуваме кога ќе ги отвориме очите.  Затоа Ви предлагаме да ги примените овие трикови …

Пред да заминете на спиење

  1. Синхронизирајте ги часовниците !

Биолошкиот часовник работи во интервал од 90 минути, а квалитетен ноќен сон е поделен на четири-пет циклуси. Ако станувате во седум наутро, лесно ќе пресметате кога треба да си легнете.

  1. Исклучете го мобилниот телефон !

Научниците докажаа дека мобилниот телефон емитува радијација која го блокира мозокот да дојде во состојба на делта сон. Исто така важна препорака е да го исклучите телефонот во доцните верни часови како не би биле разбудени и вознемирени од непланирани телефонски повици.

  1. Пред спиење истуширајте се …

Околу десет навечер температурата на телото опаѓа, што е сигнал за мозокот да почне да ослободува мелатонин. Туширањето саат и пол пред спиење го стимулира овој пад. После туширањето ќе се чувствувате поотпуштено, релаксирано и полесно.

 

Кога ќе се разбудите …

  1. Немојте повторно да заспиете, веднаш станувајте од креветот !

Доколку продолжите со спиењето започнувате нов циклус на сон од деведесет минути, а по будењето подолго време ќе бидете поспани.

  1. Сокот од портокал е идеален за утринското освежување …

Напијте се сок од портокал наместо млеко ! Ноќе опаѓа нивото на шеќерот во крвта и на течностите во организмот, кои сабајлето во организмот предизвикуваат слабост. Сокот од портокал го намалува ова чувство за помалку од десет минути.

  1. Кафе после утринскиот појадок …

После утринскиот појадок задолжително напијте се кафе. Кофеинот во една шолја кафе би требало да гарантира околу пет часа будност. Уште подобро, научниците открија дека кафето содржи антиоксиданси, а студиите покажуваат дека ја подобрува краткотрајната меморија, и ја зголемува концентрацијата и будноста.

  1. Јадете месо и зеленчук богат со железо !

Недостатокот на железо предизвикува немирен сон, често станување во текот на сонот и несоница. Затоа е најдобро да земате железо.

 

 

Проверете и

Овесна каша со банана и кикири- вкусен и здрав појадок за целото семејство

Размислувате ли каков оброк да подготвите за следното утро? Ви препорачуваме да подготвите овесна каша ...