Почетна / Фитнес и аеробик / Разбој (пропаѓања)

Разбој (пропаѓања)

Разбојот е поефикасна вежба од склековите, целото ваше тело се движи и може полесно да ги изведувате. Оваа вежба е слична на згибовите. Со континуирано вежбање со оваа вежба може да постигнете мускулен раст.

Секоја вежба има своја техника и само со упорност и континуирано повторување може да постигнете резултати.  Оваа вежба има повеќе варијации од полесно до потешко ниво, регуларни пропаѓања, коси пропаѓања, итн.

Завземете почетна позиција за изведување на вежбата така што телото ќе го придржувате со испружени раце. Исто така, исправете го грбот, свиткајте ги колената и стапалата и ставете ги позади вас.

Започнете да ја изведувате вежбата на начин така што вашите лакти ќе ги свиткате спуштајќи го телото под контрола на долниот дел на градите се додека не почувствувате стегање во мускулите на рамената. Лактите се насочени благо нанадвор во однос на шипките.

Потиснете се и движете го телото нагоре до целосно исправување на рацете.

Автор: Иле Маркоски

https://www.facebook.com/ilemarkoski

Проверете и

Младата Миа Крстевска е рекордерката на Македонија во младинско пливање

Младата пливачка Миа Крстевска(16) во овој спорт е веќе 10 години, во нејзина сопственост се ...