Почетна / Рецепти / Рататуи – лесно, вкусно и здраво јадење од зеленчук

Рататуи – лесно, вкусно и здраво јадење од зеленчук

“Ratatouille“ (Рататуи) – јадење кое е подготвено од сочен, миризлив и здрав зеленчук со пријатен и деликатен вкус.

Рататуи  е традиционално Француско јадење кое настанало во Ница. Јадењето обично се служи како прилог , но исто така може да се послужи и како главно јадење.

При правењето на рататуи пожелно е да се користат следните зачински билки׃ рузмарин, нане, мајчина душичка, босилек и со помош на нив вкусот се менува до не препознатливост.

За подготовка на ова јадење ќе Ви биде потребно׃

– 2 тиквички
– 1 голем син патлиџан
– 6 домати
– 5 супени лажици кечап
– 1 лук
– 1 кромид
– 1 црвена и 1 зелена пиперка
– зачини, сол, црна пипер, масло

Подготовка׃

Сините патлиџани измијте ги и исечете ги на тенки парчиња. Оставете ги во солена вода на половина час, како би ја отстраниле горчината.

Измијте ги тиквичките и исечете ги на тенки парчиња.

Слична постапка направете со доматите.

Подгответе го сосот од доматите׃ ситно исечкајте го лукот, пиперките (на коцки) и претходно излупениот домат. Кората лесно се вади доколку доматот ќе го прелиете со зовриена вода.

Кромидот испржете го на масло. Додадете ја пиперката, лукот, доматот и солта. Кога ќе се испржи, нека се крчка уште 5 минути. Додадете го кечапот, измешајте и нека се пржи уште малку зеленчукот.

На дното од ватросталниот сад (или тепсија) ставете подготвениот сос од домати.

Внимателно сложувајте го зеленчукот. Редете така да биде шарено. Одозгора посолете, ставете ги зачините и би било пожелно да додадете некоја ароматична билка, која ќе направи ова јадење совршено вкусно׃ босилек, нане, рузмарин или мајчина душичка. Прелејте го со масло.
Поклопете го (можете да ја покриете тепсијата со фолија) и печете во загреаната рерна на 180 степени 20-30 минути.

При крајот на печењето можете да ја тргнете фолијата и да додадете изрендано тврдо сирење. Рататуи можете да го сервирате со гарнир од месо. Добар апетит!

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...