Почетна / Совети за здравје / Рано откривање на преканцерози на грлото на матката и нивен третман

Рано откривање на преканцерози на грлото на матката и нивен третман

На оваа тема пишува Прим. Д-р. Марјан Капушевски специјалист по гинекологија и акушерство во Полиликлиника НЕУРОМЕДИКА.

ПАП Тест

Во преканцерози спаѓаат Цервикална интраепителијална неоплазија (ЦИН) лезии. Постојат три типа на ЦИН лезии 1, 2 и 3. ЦИН 1 и 2 се реверзибилни промени и може со козервативен третман да бидат вратени во нормален наод. ЦИН 3 е иреверзибилна промена и е потребен хируршки третман.За рано откривање на преканцерози на грло на постои скрининг метода ПАПАНИКОЛАУ тест  (ПАП) која откако е воведена значајно е намалена појавата на карцином на грло на матка.

ПАП е едноставна, евтина неинвазивна метода со која рано се откриваат промени на клеточно ниво на грлото на матката. Генијалноста на методата е во тоа што ги открива клеточните промени во стадиум кога пациентката не чувстува практично ништо нема никакви знаци на болест.

neuromedika logo new

Има светски протоколи за тоа колку често треба да се прави ПАП тест т.е. еднаш годишно или на 2 години. Јас практикувам кај пациентки кои се во репродуктивен период  од животот да земам еднаш годишно.

КОЛПОСКОПИЈА

Колпоскопија е неинвазивна метода со која гинекологот  го визуелизара епителот на грлото на матката . Има различни колпоскопски слики кои упатуваат во кои случаи треба да се направи биопсија за да се верификува дијагнозата и хистолошки. ПАП и колпоскопија се комплементарни методи со кои искусен колпоскопер практично поставува сигурна дијагноза.

ХПВ  ТИПИЗАЦИЈА

Најчест причинител на ЦИН лезиите е хуман папилома вирус (ХПВ). Ги има многу типови кои се категоризирани во три групи

– високо ризични вируси

– потенцијално високо ризични вируси

– ниско ризични вируси

Покрај ЦИН лезии ХПВ може да е предизвикувач на кондиломи (брадавици) низ вулвата и вагината.Типизацијата се работи по ПЦР метода а матерјалот се зема со браш четкица и се става во специјален медиум.

ТРЕТМАН

ЦИН  лезиите и ХПВ се лекуваат на следниов начин. Основно е да се подигне имунитетот на пациентката за да може да се избори организмот да го совлада вирусот.

За таа цел се даваат витамини минерали и антиоксиданси. Истовремено пациентката се треира и локално со медикаменти во форма на вагиналети.Локалните промени кондиломите се отстрануваат со вапоризација. Во Неуромедика  располагаме со најсовремена апаратура за вапоризација и вршиме потполно отстранување на кондиломите.

На крај да заклучиме. Пациентка која редовно оди на гинеколог еднаш годишно  со скрининг методите за рано откриванје на преканцрозите на грлото на матката нема да дозволме никогаш да дојде до стадиум на карцином на грлото на матката.

Прим. Д-р Марјан Капушевски е дел од врвниот тим на Поликлиника Неуромедика. Неуромедика е прва приватна поликлиника во Р.Македонија која успешно работи веќе 23 години. Таа им овозможува примарна и секундарна здравствена заштита на своите пациенти во своите 7 поликлиники. Поликлиничко-дијагностичката дејност е лоцирана на две локации во Скопје (Центар и Влае), Битола, Тетово, Куманово, Штип и во Кукуш-Грција со ординации од општа пракса и специјалисти од сите области. Неуромедика има повеќе од 100 вработени лица со високо стручна подготовка: лекари специјалисти и супспецијалисти од различни области, лекари општа пракса, медицински сестри, менаџерски тим и дополнителна администрација.

Во гинеколошко-акушерската амбуланта во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА може да се извршат следниве медицински услуги:

  1. ПАП тест  резултат  за 24 часа
  2. ВИДЕО Коплпоскопија
  3. Биопсија на грло на матка
  4. Вагинално ЕХО 4Д
  5. Третман на ЦИН лезии
  6. Третман на кондиломи
  7. Полипектомија
  8. Стерилитет
  9. Контрацепција
  10. Пункции на цисти
  11. Рано откривање на бременост
  12. Следење на бременост
  13. ЕХО  4Д  и колор Доплер
  14. Скрининг на аномалии (Даунов синдром)
  15. Приска тест

 Марјан Капушевски

Прим. Д-р Марјан Капушевски

Специјалист по гинекологија и акушерство

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/3 133-313

www.neuromedica.com.mk

https://www.facebook.com/PZUNeuromedica

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...