Почетна / Совети за здравје / Рак на дојката- потенцијален здравствен ризик кај жените

Рак на дојката- потенцијален здравствен ризик кај жените

Ракот на дојката е најчест рак кај жените афектирајќи околу 10% од женската популација во некоја етапа од нивниот живот. Покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и ефективен третман, околу 20% од пациентите со рак на дојката умираат од оваа болест.

Секој месец дојките на жената поминуваат низ привремени промени поврзани со менструвација и на нив може да се најде јазолче. Иако 90% од јазолчињата не се канцерогени, секое јазолче би требало веднаш да се прегледа! Јазолчињата се најчесто во лобусите или дуктусите.
Ракот на дојката обично почнува создавање мал локализиран тумор во жлезденото ткиво на дојката.
tumur
Ca Mammae е малиген тумор односно абнормално разраснување на малигно алиментирани клетки во жлезденото структурно ткиво на градата. Како и сите тумори наречени карциноми и овој рак се формира кога процесот кој го контролира нормалниот раст на клетките ја губи способноста на контрола и овозможува трансформација на клетките во абнормални клетки и нивно размножување над кое нашето тело нема контрола.
Постоја повеќе видови Ca Mammae: дуктален, мобуларен, медуларен, тубуларен, папиларен, аденоцистичен Ca , секреторен Ca , Пеџетова болест. Карциномот чија тенденција е да го уништи здравото ткиво на дојката може да се прошири или метастазира во други делови на човечкотот тело. Доколку карциномот не се открие во раната фаза може да ја пробие бариерата на жлезденото ткиво на дојката и да се прошири во останатите делови на телото.

Според тоа разликуваме 4 стадиуми на Ca Mammae:

1 стадиум: Малигниот тумор во дојката е локализиран во 1 дел од дојката без ширење во локалните структури на градата или пак во околните лимфни јазли (аксиларни, меѓуребени, супраклавикуларни). Обично е со големина од 2 цм.

2 стадиум: Малигниот тумор во дојката е со големина од 2 -5 цм. Постои извесно ширење односно метастазирање на туморот во околните аксиларни лимфни јазли а кај некои хистолошки типови карциноми можно е и ширење во другата града .

3 стадиум: Во третиот стадиум туморот е поголем од 5 цм и метастазирал во супраклавикулавикуларните и инфраиваликуларните лимфни јазли или пак лимфни јазли на вратот.

4 стадиум: Во овој стадиум туморот метастазирал во одалечени органи, најчесто: црниот дроб, белиот дроб, коскен мозок..

Како да го издијазностицирате ваквиот тип на рак?
При секое туширање правете барем едно-месечен само-преглед или често консултирајте се сосвојот гинеколог доколку имате семејна историја поврзана со ваков тип на болест.
Најчести симптоми на рак на дојката се исцедок од градата, крвен исцедок, повлекување на брадавиците, промена на бојата на ткивото на градите, промена на формата на градата која е афектирана,

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...