Почетна / Активен живот / Работа во градина за подобро расположение

Работа во градина за подобро расположение

Многу луѓе работаат во градина за да одгледуваат овошје и зеленчук. На некои луѓе им е цел нивната цветната градина да ги привлекува погледите и да ја разубавува куќата, а има и оние кои работат од забава. Но последните години градината се користи и во лекувањето. Работата во градината е лековита, потврдуваат психотерапевтите затоа што ваквата работа ослободува од стрес, а како облик на телесната активност, го чува срцето и крвните садови и го намалува ризикот од срцеви и други болести.

Зеленилото за подобро расположение

Истражувањата покажуваат дека градинарската терапија може да им помогне на луѓето со тешкотии во развојот, во учењето, на постари лица, на личности со психички болести и проблеми, на зависниците, жртвите на различни облици на насилство, инвалидите и хроничните заболени луѓе. Со работењето во градината се подобрува психофизичката состојба на заболениот, дури и од самото гледање на природата, посебно цвеќињата.

Како делува?

Градината делува на сите човекови сетила – личноста гледа, слуша, допира, мириса и ги вкусува плодовите на градината. Овоштарник, цветна градина или бавча, зеленило кое поттикнува е окружување кое зрачи со надеж и оптимизам.

Зајакнување на организмот 

Работата во градината е физичка активност, ги зајакнува мускулите, ја подобрува кондицијата со што го стопира развојот на многу заболувања. Ве учи на трпение затоа што чекате резултат на својата работа. Доколку некоја билка не Ви успее, научете се да го поднесете поразот и обидете се повторно, без да ги повторите старите грешки. Доколку сте лути, нервозни или тажни, градината може да Ви помогне. Опкружени со зеленило, полесно и побрзо се ослободуваме од секојдневниот стрес и ги ῎полниме батериите῎.

Ослободете се од стресот

Секој може во свој животен простор да најде место за некој убав мирисен цвет или зелена билка. Тоа не бара многу, а за секој миг кои им посветувате на билките богато ќе Ве наградат, дури и кога не сте болни, вознемирени, тажни или нерасположени. Испразнете ги негативните емоции, фокусирајте се на задачата и движењата на рацете, кај копањето на земјата  или кинењето на тревата  бидејќи тоа може да Ви помогне при ослободувањето на стресот, напнатоста или агресијата.

 

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...