Почетна / Здравје и исхрана / ПУКАНКИ – ХРАНЛИВА, ВКУСНА И ЗДРАВА ЗАНИМАЦИЈА

ПУКАНКИ – ХРАНЛИВА, ВКУСНА И ЗДРАВА ЗАНИМАЦИЈА

Доколку не содржат премногу сол, шеќер или маснотии и ако не претерувате со додатоците пуканките се одлични за Вашите крвни жили, пробава и превенција од рак.

Научниците откриле дека една порција пуканки има околу 300 милиграми антиоксиданси, што е скоро дупло повеќе од 160 милиграми, колку што содржи порција со било какво овошје. Исто така откриено е дека во крцкавата опна на пуканките се наоѓа најголема доза на антиоксиданси и влакна.

Хранливоста на пуканките ја проучувале научниците, но предупредуваат дека луѓето не смеат да ги заменат неопходните пет порции овошје и зеленчук во текот на денот со пуканки, затоа што во нив нема важни витамини и минерали.

Пуканките се одлични за ужина. Тие содржи 100% цело, необработено зрно. Сите други житарки се обработени и измешани со други состојки.

Една порција пуканки обезбедува повеќе од 70% дневните потреби за житарки.

Подготовката е многу важна. Кога се пржат тие имаат малку калории, додека оние кои се подготвени во микробрановата печка имаат дупло повеќе калории.

Многу е опасно и тоа што пуканките во пакувањето за микробрановата рерна можат да бидат канцерогени, поради состојките во самото пакување.

Најздрави се оние пуканки подготвени на старински начин. Значи треба да се стават зрната на пченки за пуканки на жешкото масло, додадете малку сол, поклопете го тенџерето и кога ќе бидат готови пуканките уживајте во нивниот вкус.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...