Почетна / Активен живот / Психолошко советувалиште и едукативен центар Петар Пан, Скопје Ви промовира формирање на група за личен развој што подразбира групен пристап кон работа на себе.

Психолошко советувалиште и едукативен центар Петар Пан, Скопје Ви промовира формирање на група за личен развој што подразбира групен пристап кон работа на себе.

Ваквиот пристап во досегашната примена се покажува како најпродуктивен метод за себеспознавање како и спознавање на другите, а овозможува и воспоставување на систем  на вреднување на себе и другите кој го подобрува квалитетот на животот.

Методологијата на работа ќе биде според концепт на Трансакциска анализа и Системска семејна терапија. Преку ваквиот пристап учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини кои ќе им овозможат да ја подобрат комуникацијата, ќе им помогнат да ги осознаат своите потреби и да најдат соодветен начин за нивна реализација, ќе научат како функционално да делуваат во семејни рамки и да ги надминат потешкотиите со своите блиски, ќе се оспособат адекватно да поставуваат и исполнуваат цели, ќе осознаат нови начини на конструктивно решавање на конфликт итн.

Ваквиот тип на работа е наменет за сите кои сакаат да работат на подобрување на своите лични потенцијали за промена.

Планирано е групата да започне со работа во Декемри. Динамиката на работа е една средба неделно со времетраење од 3 часа.

Сите заинтересирани кои сакаат да добијат повеќе информации во врска со начинот и методите на работа, ги замолуваме да поставуваат прашања во инбокс или на следниве адреси:

mastefanova@yahoo.com и stojanovska.despina@gmail.com , како и на тел.броеви

075426946 Марија Стефанова и

078666333 Деспина Стојановска

Реализатори на програмата се:

Марија Стефанова, лиценциран психолог, професионален обучувач на возрасни, тренер по асертивна комуникација

Деспина Стојановска, лиценциран психолог, системски семеен советник, професионален обучувач на возрасни

Ве очекуваме поскоро бидејќи бројот на учесници е ограничен!

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...