Почетна / Совети за здравје / Психолошка отпорност- добрата страна на стресот

Психолошка отпорност- добрата страна на стресот

Не постои ниту една личност која во текот на својот живот не се соочила со проблеми, без разликата дали станало прашање за секојдневни стресови или пак сериозни животни трауми. Справувањето со некои животни предизвици не е лесна задача и може да резултира со страдање, откажување или тешкотии во пронаоѓањето на решенија. Еден од честите добро намерни совети кои во такви ситуации луѓето го добиваат од својата околина па и од лекарите во себе ја содржи пораката ”избегнувај стрес”. Овој совет ја одржува претпоставката дека луѓето во моментите кога се соочуваат со потешкотии со нив лошо се справуваат.

Но постојат и примери кога луѓето успешно надминале и многу трауматични околности. Луѓето кои израснале во многу тешки услови, или пак доживувале трауматични искуства во текот на својот живот, може да функционираат многу добро и да развијат доверба во сопствените капацитети за прилагодување во различни околности.

Од ова можеме да заклучиме дека луѓето во помала или поголема мера, имаат потенцијал успешно да се справуваат со проблемите дури кога тие се исклучително сложени.
Оваа способност за излегување на крај со проблемите и релативно брзото опоравување од стресот во психологијата се нарекува резилиентност односно психолошка отпорност или (народски–жилавост). Под овој поим се подразбира доверба дека сме способни да ги совладаме пречките пред кои се наоѓаме како и истрајност при нивното решавање. Резилиентност е способност по стресни случувања успешно да се опоравиме или да надминеме и преболиме значајни загуби во животот.
Кога зборуваме за психолошка отпорност важно е да знаеме дека станува збор за способност која може да се развива и вежба на најразлични начини во склад со нашите потреби и особини. Оптимистичкиот став на пример и довербата во себе и другите допринесуваат до психолошка отпорност. некои луѓе се резилиентни благодарение на тоа што се склони да поставуваат реалистични цели и очекувања.

Некои својата отпорност ја развиле така што научиле како се решаваат проблемите, како се носат одлуките, научиле како на грешките и препреките им се пристапува исто како што треба да им се пристапи на предизвиците кои треба да се решат, а не како на нешто страшно од кое треба да се побегне.

Сопственото прифаќање како личност со добри и лоши страни како и прифаќањето на непријатните случки и чувства како составен дел од животот се само дел од начините на кои се станува резилиентен. Многу важна вештина која допринесува да се биде резилиентен е барањето на помош или поддршка во моментите кога таа ни е најпотребна.Ова вообичаено подразбира разговор со личност од доверба, било тоа да е блиска личност или психолог. Доколку пронајдеме соговорник кој нема да не осудува и критикува, туку ќе не ислуша со внимание,можеме да добиеме корисни совети, поддршка или увид во тоа како другата личност гледа на истото нешто дали имала слично искуство и сл.

Да, постои вистина во тоа дека ќе се заштитиме себе доколку не сме склони кон стрес односно се оттргнуваме од него. Меѓутоа избегнувањето на секоја ситуација која би можела да предизвика стресна ситуација едноставно е невозможно, од истата таа причина што секоја ситуација е составен дел од животот со кој подобро е да се соочиме отколку да се дистанцираме.
Избегнувајте го стресот може да се преформулира во следната реченица – искористете го стресот како можност да научите како да се снаоѓате со потешкотиите во животот и да ја развивате сопствената резилиентност.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...