Почетна / Здравје и исхрана / Прво место на “Добра земја” на Social Impact Award Macedonia 2015

Прво место на “Добра земја” на Social Impact Award Macedonia 2015

Интервју: Добра Земја  Кооператива- Скопје

 

1. Да ги запознаеме читателите поблиску со вашата работа.
За почеток објаснете ни го концептот зад она што го работите, што всушност претставува органска кооператива
и кој стои зад првата коопратива на потрошувачи во Македонија?

Наша Добра Земја е првата кооператива (или задруга) на потрошувачи во Македонија. На почеток се здруживме со цел да набавуваме за себе органски проверени производи од најчистите краеви на државата. Интересот беше толку голем, што одлучивме да отворивме продавница со  македонски органски производи достапни за сите (имаме посетено преку 100 производители низ земјата).

Сите членови сме ко-сопственици со право на глас и еднаков влог. Нема надгласување, нема хиерархија, нема егоцентрични одлуки и исклучиво профит ориентирани одлуки. Одлуки донесуваме консензуално, и да, функционира кога правите луѓе се сплотени заедно. Најважен фактор за овој модел на ентитет да функционира е – членовите за споделуваат исти вредности, буквално.

Ние сме директни откупувачи и конзументи на производите. Ги знаеме производителите, ги посетуваме често, повеќето имаме и свои градини – разменуваме расад и семиња, информации за работилници и обуки во сферата на органското производсто. Не користиме пластика, а за хартиените ќеси наплаќаме симболична сума – собираме доволно да вратиме она што ме земале од природата – дрвата.

Членови сме повеќе, но три од нас – Билјана Бужаровска, Ивона Бару Билјана Филиповска посветивме многу време, енергија и љубов за првата задуга на потрошувачи да застане на свои нозе. Сите сме со многу различна едукативна позадина и локации каде го имаме поминато животот, но повторно ќе речам – кога исти вредности се во прашање, различноста само надополнува.

Билјана Бужаровска е дипломиран психолог по професија, и во текот на многуте години престој во Германија го има живеено она кое се обидуваме ние сега да го создадеме во Македонија. Голем љубител на интересни нови рецепти и комбинации во готвењето, во тимот допринесува многу трпение, некомпрмисност во вредностите и одржува квалитетен однос со луѓето кои не опкружуваат.

Ивона Бару е дипломиран архитект по професија, со долгогодишно (13 год) работно искуство во Романија, каде има и дипломирано. Голема љубов и се животните (кои не ги конзумира;-) и одржливиот начин на живот, особено во изградба на одржливи еко заедници и објектите во нив. Беше дел од тим кој со свои раце изгради куќа од вреќи од земја и природни  материјали. Во тимот допринесува со голем респект кон производителите, и запазување на фер односот со нив.

Биљана Филиповска е магистар по економски науки – после престојот во САД, во следните 8 години престојува во Грција кога дипломира во Солун, магистрира во Атина и работи во канцеларијата за врски на Македонија во Атина. Во минатото е сопственик на повеќе фирми во  различни бизнис – но во Добра Земја заедно со тимот го креира вредносното јадро кое ги сплотува сите нејзини искуства, амбиции и желби за далечна иднина;-)

  1. Која е приказната зад формирањето на Добра Земја?
    (историјат, кој може да стане член, колку членови брои , кој ја оформи-кој стои зад концептот ,мотивот зошто е оформена , целите кои се, каде се наоѓа, принцип на работа- како се врши продажбата…)

Добра Земја постои веќе две години како неформална група на конзументи. Функциониравме во склоп на Автономно Културно Социјално Центар во Скопје (АКСЦ). Започнавме со 20 членови (или фамилии) и достигнавме до повеќе од 90 кога се регистриравме.

Првата продавница на Добра Земја се наоѓа спроти Педагошка (ул. Дрезденска бр. 15) во Скопје, и работиме од 10-20ч секој ден, и сабота 09-14ч.

Воведовме концепт на неделна кошничка со органски производи – новитет во Македонија, а во странство идејата е веќе секојдневие. Кошничката е предвесник на имплементација на CSA  моделот – или земјоделие поддржано од заедницата – што значи однапред откуп на земјоделските производи на производителот – производителот издава “акции” и секоја вреди на пр. 200-300-500 еур зависно, а потоа тој целата сезона ги отплаќа тие средства во органски производи. Со тоа производителот е сигурен дека има пласман, а членот/конзументот дека ќе има обезбедено органски производи преку целата година.

Во Македонија концептот не е познат, и полека се проширува информацијата за него, но сега е сеуште рано за имплементација од повеќе причини.

Оние кои се наши членови (и плаќаат 1800 ден/годишна чланарина) добиваат пониски цени и приоритет во достапност на производи. Ако сте член, земате неделна кошничка со сезонски органски производи во сума од 500 ден, која ја плаќате авансно за целиот месец  (2.000 ден на почетокот на секој месец, и доаѓате секој четврток да ја подигнете). Доколку некој член има потреба од повеќе производи, истите се достапни во продавницата. Цените за оние кои не се членови се повисоки. На тој начин имаме желба да го стимулираме членството, а со тоа и целиот ланец на соработка помеѓу Добра Земја и земјоделците.

Една главна тема на која посветуваме доста време е одржливото живеење воопшто, но особено во производството на храна. Дали органскиот принцип е одговорот за одржување на ресурсите на земјата? Или допуштаме органското да стане само уште еден бизнис со поинакво име кој “станува модерен”? Што е всушност органско “живеење” и кои не неговите начела?

  1. Каков асортиман на производи можат да се пронајдат во Добра Земја?
    ( Да се даде нагласок на органското производи, потекло на проиводите, асортиман и места каде можат да се набават)

Првичната цел ни беше свежи овошки и зеленчуци – тоа беше она што највеќе недостасуваше. Сега имаме и брашна од сите житарки, мед, џемови од разни овошки (дел од нив без шеќер), јатки, процесирани производи (доматни сосови, ајвар, органска шира и сок од коприва….)

Во текот на 2 години на свој трошок ја поминавме цела Македоија за да видиме што се случува со органското производство, каде има производители со кои ја делиме истата вредност, и каде е најчиста околината. Потеклото на производите кои ги држиме се од разни краеви – иако претпочитаме да се поблиску до Скопје (50км – тогаш се емитува помалку загадување со транспортот).

Во тек сме на реализација на дистрибуција до дома со велосипед.

Пластична еднократна амбалажа не користиме – набавивме долгорочно кутии кои буквално ги праќаме празни, а ни ги враќаат полни со производи. Тоа не чини дупло транспорт (транспортот кој го користиме е јавен кој во секој случај ја вози релацијата) но фрлената пластика на секоја достава во природата само навидум е решение со пониска цена! Скоро ќе почнеме да го следиме еколошкиот футпринт на Добра Земја. И да утврдиме стратегија како да го подобруваме.

Адресата на продавницата  е ул. Дрезденска бр. 15 (белите згради спроти Педагошка) секој работен ден од 10 до 20 часот и сабота од 9 до 14 часот.

DSC_8954

  1. Каква е вашата визија за развојот на ваквиот тип на кооперативи кај нас.
    Дали постои интерес за вашиот тип на работа на домашен пазар?

Задругите се добра алтернатива на тимови од слична дејност кои сакаат да се вклучат да функрионираат заедно, без при тоа да основаат заедно фирма. Веќе неколку такви тимови не контактираа со цел пренос на искуството во процесот кој го поминавме на формирање на задругата. За нас, друг подобар избор за организација не постои;-) иако во македонскиот закон за задруги дефинитивно има елемтни кои мора да се подобрат.

  1. Какви се вашите активности и планови за иднина?

(Активностите поврзани со промоција на Органски пазар, производи на кои ќе се насочите и активности за проширување на кооперативата)

Толку многу! Да оставиме нешто за следната можност 😉

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...