Почетна / Совети за здравје / Прошетката е подобра од антидепресивите!

Прошетката е подобра од антидепресивите!

Физичката активност помага во спречувањето на симптомите на депресијата, но и во превенцијата на ова состојба. Во текот на редовните аеробни тренинзи доаѓа до ослободување на ендорфинот, хормонот кој го поттикнува доброто расположение.

Физичката активност може да биде од голема корист во лекувањето на симптомите на депресијата, но и во превенцијата на ова болест, покажуваат истражувањата. Иако лесната прошетка, или умереното вежбање во фитнес центрите воопшто не звучат како лек, научниците потврдуваат спротивно – дека долгорочната физичка активност во голема мерка може да ги замени антидепресивите. Според едни истражувања, од депресивните пореметувања боледува секоја десетта возрасна личност, а голем проблем преставува тоа што долго време болеста останува неоткриена.

Лошото расположение, проблемите со спиењето и изразена несоница, константна тага, премалку или премногу сон, преголем замор, ниската самодоверба, безволност, па дури и суицидни мисли, само се некои од симптомите на депресијата. На депресија никој не е имун, се јавува и во адолесценцијата, а во постара доба се смета како нормална состојба во текот  на стареењето.

ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ ГО ОСЛОБОДУВА ЕНДОРФИНОТ

Неколку студии кои биле спроведувани во последната деценија дале исти заклучоци – симптомите на депресијата можат да се намалат со лесна физичка активност најмалку три пати неделно во траење од минимум еден час. Во текот на аеробни тренинзи доаѓа до ослободување на ендорфин кој преставува ″природна дрога″ и предизвикува добро расположение.

Кога сте физички активни, Вашето тело го ослободува ендорфинот, кој реагира со рецепторите во мозокот кои влијаат на доживувањето на болката. Ендорфините истовремено влијаат да се чувствуваме позитивно и смирено. Делува во мозокот и во кичмената мождина и во други делови на телото. Неуронските рецептори кои ендорфините ги предизвикуваат се исти оние на кои делуваат и лековите против болка. Но за разлика од морфиумот, или антидепресивите, лачењето на ендорфинот не предизвикува зависност.

Она на што докторите инсистираат во последно време е практикување на редовна физичка активност како превенција од депресија. Проценките од различните истражувања кажуваат дека доколку се вежба три пати неделно, ризик за возрасна личност да заболи од депресија би можел да биде дури и до 20% помала, без оглед на други фактори.

Истражувачите анализирале 11.135 испитаници кои биле родени 1958. година. Ги следеле во возраст од 23, 33, 42 и 50 години. Тие самите известувале за нивото на физичката активност, додека симптомите на депресијата ги испитувале преку прашалници која ја мерат психолошката вознемиреност.

Податоците покажале дека зголемувањето на нивото на физичката активност од нула до три пати неделно го намалил ризикот и до 20%. Секој дополнителен термин на вежбање дополнително го намалувал ризикот за 6%.

Како да вежбате за да ја намалите депресијата?        

– Подобро е да трчате или шетате 20 до 30 минути, отколку да ги кревате теговите

– Од 45 пациенти со депресивни симптоми по мозочниот удар, после 10 недели на тренинг за снага сите почувствувале подобрување

– Во споредба со жените кои не оделе на јога, сите 34 жени кои вежбале на овој начин почувствувале помалку депресивни тегоби, покажале студиите

– Најмалку 35 минути прошетка на сонце секој ден има позитивни ефекти на расположението, затоа што сонцето го стимулира создавањето на сератонин

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...