Почетна / Совети за здравје / ПРОПОЛИС – ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК

ПРОПОЛИС – ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК

Прополис е природен антибиотик кој делува превентивно на нашето здравје, а со постојаното консумирање на прополис го подобруваме имунитетот. Освен тоа, ќе ја подобрите циркулација и епителизацијата на кожата доколу имате изгореници, површински рани, херпес.

Бидејќи прополисот го зајакнува имунитетот, на тој начин спречува да не нападнат грипот и вирусите. Доколку имате воспаление на грлото задолжително е користењето на прополис.

Лековитоста на прополисот произлегува од неговото анти оксидативно делување. Тој делува на слободните радикали и успешно ги отстранува, Со уништувањето на слободните радикали се спречува и можноста за настанување и развој на карциномот. Неговото делување се покажало како најделотворно кај рак на дебелото црево. Се претпоставува дека за анти канцерогеното делувања се најзаслужни флавоноидите и етанолот. Прополисот зазема важно место во војната против карциномите и станал еден од главните намирници во здравата исхрана.

Прополисот е познат како еликсир на младоста затоа што помага да се обноват ткивата. Незаменлив е и кај сериозните пореметувања и заболувања, посебно кај оние кои се последица од стресот, забрзаниот начин на живеење и загадениот воздух. Прополисот ќе им помогне на сите оние кои сакаат да ги намалат штетните последици од секојдневниот стресен начин на живеење поради кој ни е ослабен имунитетот и организмот и сме подложни на многу заболувања.

logo zoralek final-02

Прополисот им се препорачува и на децата од навршена втора година. Се дозира според годините. Колку години толку капки. Нај активен е во природна цврста состојба, каков што е во кошницата. Најдобро е да го капнувате прополисот на половина коцка шеќер и оставете го да поседи еден час.

За многумина луѓе прополисот не е токсичен, но кај некои луѓе би можело да предизвика и алергиска реакција. Личностите кои боледуваат од астма би требало да го избегнуваат, затоа што хемиските споеви би можеле да предизвикаат астматични напади. На личностите кои се алергични на убод од пчела, им се советува да го избегнуваат, затоа што е можна зголемената осетливост на било кој пчелин восок.

Проверете и

Што се случува со вашето тело кога не пиете доволно вода?

Секој ден ви требаат помеѓу два до три литри вода која ви овозможува правилно варење, ...