Почетна / Здравје и исхрана / Прополис, мед, матичен млеч – мелеми од природата

Прополис, мед, матичен млеч – мелеми од природата

Поборниците на природната медицина потврдуваат дека производите на пчела и лековитите билки се вистински војници во војната против вирусите и бактериите.

Прополис, мед матичен млеч со сигурност можат да се користат за дезинфекција на уста, грло, како средство против грип и настинка, инхалација на грлото и носот, лекување на синусите, горни и долни дишни патишта, белодробни заболувања и многу други заболувања. Чаевите од белиот слез, нана, боз, ѓумбир ќе поможи на децата кои имаат воспаление на грлото, кијавица и суво кашлање.

Гнојна ангина

  • Земете лажица мед на секои два часа во лежечка позиција. Држете го медот во устата подолго за да го впие слузокожата на устата и да би се искористил антибактериски ефект. Дневна доза за возрасни е 100 – 120 грама, а за деца еден до два грама по килограм на телесната тежина.
  • Инхалација со пет процентни алкохолни екстракт на прополис.

Воспаление на крајниците

  • Лажица планински мед на секои три часа во лежечка позиција со задржување во устата.
  • Плакнење на крајници со дваесет процентни алкохолни екстракт од прополис, два пати дневно.
  • Три пати на ден плакнете ја устата и грлото со дваесет процентни воден екстракт на прополис во кој се додава лажица мед.

Воспаление на гласните жици

  • Лажица мед на секои три часа
  • Инхалации со мед два пати во текот на денот
  • Плакнење на грлото и устата со два процентни воден алкохолни екстракт четири до пет пати дневно.

Бели слез за воспалено грло

  • Слузта на белиот слез создава заштитен слој и ја навлажува слузокожата на грлото.
  • Го смирува кашлањето
  • Ги намалува воспаленијата
  • Олеснува дишење
  • Помага кај сувото кашлање

Боз против настинка

  • Помага кај воспалението на грлото
  • Го поттикнува крвотокот и го чисти организмот од отровите

Подготовка: три лажици боз да се турат во зовриена вода. Да се пие во текот на ден по неколку голтки. Можете да потурите со жешко млеко цветовите на боз, исцедете и пијте дури е топло.

Нана, боз, ѓумбир

Во зовриена вода ставете 10 грама нана, 10грама боз, 10 грама корен од ѓумбир. Оставете да поседи, и овој чај пијте дури е топол повеќе пати во текот на денот, бидејќи ќе го поттикнете потењето кога ќе имате висока температура.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...