Почетна / Диети / Пролетна 7 дневна детокс програма за чистење на вашиот организам

Пролетна 7 дневна детокс програма за чистење на вашиот организам

Што е детокс?
Детокс претставува исфрлање односно чистење на токсините од телото. Доколку повремено применувате детоксикација ќе овозможите свеж изглед на вашата кожа, ќе ги зголемите нивоата на енергија во телото, ќе ја подобриуте својата дигестија а во целиот тој процес ќе симнете и дел од вишокот  килограми.
Иако процесот на детокс можеби изгледа како некоја строга диета која забранува користење на алкохол, млечни производи и шеќери, детоксот е многу поразличeн од вообичаените диети кои промовираат само слабеење.
Целта на една детокс програма е да го исчисти организмот и органите во телото како џигерот и  бубрезите кои се филтри на телото  и во исто време да ја подобри нивната работа.

Доколку посакувате да го подoбрите своето здравје, дадете му мала пауза на своето тело следете ги нашите совети од 7 дневниот програм за детокс.

Знаци кои укажуваат на зголемена концетрација на токсини во телото:
– недоволна енергија, чувство на малаксаност и летаргичност
– недоволна концентрација, недостаток на мотивација
– нередовна столица
– лоша дигестија
– лош здив
– слаб имунитет
– потење пропратено со лош мирис
– лесна иритабилност
– кршлива и слаба коса
– сува кожа и лесно кршливи нокти


Како да се припремите за детоксикација?
Подгответе се пред се психофизички.
Процесот на детоксикација нема да ви биде тежок доколку сте спремни да направите мали промени во насока на подобрување на своето здравје.
Можете ли да се откажете од повремена чашка алкохол за да се чувствувате подобро зар не?
Можете да се откажете од слатките и преработената храна со цел да изгледате подобро?
Ниту еден друг параметар не е толку важен за отпочнување на процесот на детоксикација како вашето здравје (внатрешно и надворешно).
На почетокот поради промената на навиките и намалената употреба на шеќери телото ќе прикаже одредени симптоми како мали главоболки- тоа  е сосема нормално. Овие симптоми се појавуваат во првите неколку дена и ќе се повлечат во временски период од 24-48 часа.
Храна која треба да ја избегнувате

  • Алкохол
  • Цигари
  • Млечни производи
  • Шеќер,мед, јаворов сируп, засладувачи (природни или вештачки)
  • Кафе
  • Зрнеста храна: пченица (леб, колачи, торти, бисквити, тестенини) р’ж, јачмен, овес, ориз
  • Суво овошје (содржи голема концентрација на шеќери)
  • Месни преработки(салами, колабаси, паштети, сушено месо, нарезок итн)
  • Конзервирана храна
  • Преработена храна, грицки, чипси, многу сол и многу благо

Храна која треба да ја консумирате

  • Овошје (боровинки, брусница, малинки, лимон, лимета, портокал, цитрон, зелено јаболко,…)
  • Зеленчук (сите видови на свеж зеленчук се добри.
    Наша препорака за детокс е зеленолиснат зеленчук како ќељ, проќељ, зелена салата, магдонос, блитва, спанаќ, краставица… )
  • Риба (обарена или потпечена со лимон)
  • Пилешко или мисиркино варено или печено месо. Ограничете го внесот на месо за време на 7 дена барем на 2 оброка кои ќе содржат месо.
  • Леќа, грав , грашок
  • Јајца – органски или домашни
  • Мала количина на масло кокосово или маслиново
  • Непечени бадеми, ореви или макадамија (богати со омега масни киселини)
  • Семиња: несолен сусам, семки од тиква, семки од сончоглед
  • Зелен чај, камилица, мајчина душица, чај од брусница
  • Вода 1-3 л дневно

Детокс план за следните 7 дена

1.Утрински детокс план
Наутро во млака вода исцедете кришка лимон
Ова е одличен начин да ја забрзате вашата дигестија и да го исчистите вашиот организам. Водата пијте ја низ цевка и пијте ја барeм 30мин пред појадокот.

2.Вежбање и физичка активност
За време на детоксот, добро е да пробате да вежбате барем 40 минути секојдневно. Препорачливо е кардио вежби, бокс, трчање, пешачење на нагорници и вежби со интензивни интервали на движење во кои ќе се испотите повеќе. Интензивното вежбање ја подобрува циркулацијата со која низ потта се ослободувате од токсините.


3. Сурова храна

Избегнувајте да ја готвите долго храната , избегнувајте го процесот на готвење сведете го само на обарување на зеленчукот кој треба да се подготвува и печење или варење на месото и рибата.
Сировиот зеленчук и овошје содржат повеќе нутриенти и ензими.
Додавајте повеќе храна со хлорофил (зелен зеленчук) во својата храна.
Правете смути со зеленчук и додавајте по половина лажичка Спирулина.

4.Направете детокс на своите мисли
Додека правите детокс на своето тело, направете детокс и на своите мисли.
Поминете 15 минути во медитација дневно. Доколку не знаете како да медитирате или не посетувате часови по јога на пример пробајте да дишете длабоко и низ стомакот барем 15 минути дневно.
Совет: започнете со ставање на своите дланки на долниот дел од стомакот. Вдишете низ носот и броете во својата глава до 3. Почувствувајте го нагорното движење на стомакот кое се случува напоредно со дишењето. Издишете полека и почувствувајте како мускулите на стомакот се опуштаат надолу.
Оваа рутина користете ја почесто затоа што ќе ви помогне во отстранување на негативните мисли и ќе ви помогне да размислувате побистро и да се чувствувате подобро .

5.Пијте течности
Поставете си за цел да пиете три литри течност дневно.
Ова ќе му помогне на вашиот лимфен систем да ги исчисти токсините побрзо и да ја поддржи воедно и детоксикацијата на бубрезите.
Изберете чиста филтрирана вода, сокови од свеж зеленчук или пак чаеви за детокс.

Идеа за детокс чај: измешајте подеднаква количина на сушени билки како корен од глуварче, невен, црвена детелина и рендан корен од ѓумбир.
1 лажица од содржината ставете во зовриена вода (250 мл) и оставете да отстои 5минити.
Процедете го чајот и напијте се барем 2 пати во текот на денот.

6. Суво четкање на кожата
Со луфа или четка пред туширање од колената нагоре и од рамената надолу кон абдоменот направете рамни движења пред да се туширате. Ова ќе ја подобри вашата циркулација. По туширањето со топла вода променете ја температурата на водата и останете под туш под ладна вода барем 2 минути. Со ова ќе ја подобрите текстурата на кожата а воедно и циркулацијата. Особено овој совет е добар за жените кои сакаат да го елиминираат целулитот. Масажата со луфа или четка со природни влакна како и ваквиот тип на туширање помагаат во подобрување на текстурата на портокал на задникот.
7. Соодветно џвакање на храната

Пробајте да го џвакате секој залак барем 10-12 пати пред да го проголтате. Доколку обрнувате внимание на овој чекор, ќе ја подобриуте својата дигестија и ќе имате вистинско чувство на ситост без притоа да се прејадувате.
Следете ги нашите 7 дневни совети во текот на следната недела и уживајте во подобра верзија на самите себе.

Забелешка: Не правете детокс доколку сте во блажена состојба, доите, сте повозрасни , имате висок крвен притисок  без претходна консултација со матичен лекар.

8.Јадете мали оброци
Контролата на порцијата е многу важна. Доколку почесто практикувате свежи намирници побрзо ќе го исчистите своето тело од токсини. Помеѓу оброци јаткастите плодови во помала количина (до околу 1 шака, се вашиот најдобар пријател)- богати се со здрави масни киселини. Од овошје ви препорачуваме шумско овошје во силни бои како брусница, боровинка, малина –богати се со антиоксиданти кои го помагаат чистењето на токсините. Овој ефект го обезбедува и цитрусното овошје кое е добро за консумација. Доколку вашиот желудник е преосетлив не го консумирајте на празен желудник .

 

Доколку сакате да го освежите својот орагнизам следете ја во следните 7 дена програмата на Тримекс ТУКА

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...