Почетна / Здравје и исхрана / Проја и Качамак – здрави и вкусни специјалитети од пченкарното брашно

Проја и Качамак – здрави и вкусни специјалитети од пченкарното брашно

Нутриционистите потврдуваат дека солените специјалитети направени од пченкарното брашно и гриз можат да го подобрат здравјето. Благодарение на високата содржина на влакната таквата храна ја поттикнува работата на цревата, додека пченкарните трици ги топат триглицеридите! Тоа секако неважи доколку претераме со високо калорични додатоци.

Нутриционистите потсетуваат дека специјалитетите направени од пченкарното брашно на повеќе начини можат да го подобрат здравјето.

Резултатите од една студија која ја спровеле стручњаците од Државниот универзитет во Илиноис покажале дека кај мажите кои имале ниско калорична исхрана и секојдневно внесувале 20 грама ( што е помалку од една кафена лажица) пченкарни трици после шест недели забележан е пад на нивото на триглцеридите од 13 проценти.

На тој начин, бидејќи станува збор за маснотии во крвта, намален е ризикот од појавување на различни заболувања на срцето.

Иако на трпезите во Јужна и Северна Америка се наоѓа многу долго, пченката во Европа стигнала пред околу 500 години, а во Балкан дури во 17. век.

Деталните нутриционистички анализи во текот на 20. век потврдиле присуство на бројни корисни супстанци во семето на таа едногодишна билка.

Растворливите влакна од зрното на пченката се врзуваат за холестерол и практично го изнесуваат од организмот. Одличен е извор на влакната, витамин Ц, а од мелените зрна се прави вкусен леб, различни видови на проја, качамак, кекси, од пченкарните никулци се добива хранливо и лековито масло.

Освен користа по здравјето, печен или варен кочан е вистински специјалитет, посебно за најмалите.

Иако е здраво да се подготвуваат и јадат јадењата од пченка со мала содржина на маснотии, ретко кој може да одолее на проја со богати додатоци.

Стручњаците сепак советуваат да се јаде посна варијанта која поради големи количества на влакна ќе го поттикне варењето, а со самото тоа и ќе помогне во регулацијата на метаболизмот.

Доколку сакате едноставен, брз, традиционален и секако вкусен утрински појадок или вечера или предјадење, пројата е токму она што Ви е потребно.

Проја со сирење

За подготовка на проја со сирење ќе Ви биде потребно׃

  • 10 лажици пченкарно брашно
  • 8 лажици пченично брашно
  • 4 јајца
  • 3 мали шолји (од кафе) масло
  • 1 мала шола(од кафе) кисела вода
  • 300 грама тврдо сирење
  • 1 прашок за печиво
  • Сол по потреба

Подготовка׃ Изматете ги јајцата и  измешајте ги со претходно издробено сирење. Додадете масло, млеко, кисела вода, прашок за печиво и брашно. Доколку треба додадете сол. Измешајте ја смесата. Доколку смесата е ретка додадете малку пченкарно брашно. Печете во загреана рерна на појака температура. Кога добро ќе порумени, извадете ја пројата од шпоретот и служете ја дури е топла. Добар апетит!

Зборот качамак потекнува од турскиот јазик, а се однесува на јадење кое е направено од пченкарно брашно и се јаде не само во Србија, туку и во Македонија, Црна Гора, Турција, Бугарија и Босна и Херцеговина. Во Италија постои слично јадење кое се вика палента и кои тамошните жители го обожуваат.

Потребни состојки за подготовка на качамак׃

  • 1 килограм пченкарно брашно
  • ½ литар вода
  • 2 кафени лажици сол
  • 1 децилитар масло за јадење
  • 125 грама путер

Подготовка׃ Во тенџерето се става вода, се додава сол и се чека да зоврие. Во зовриената вода полека се додава пченкарното брашно за да се направи купче. Во купчето со помош на сукало внимателно се прави дупка во која се става масло за јадење. На тивок оган смесата константно се меша се додека не се изедначи. Внимавајте да не загори. Имајте на ум дека ова може да потрае па најдете некој со добра кондиција за да меша. Кога е сварено се истура во тепсија и со лажица се ситни на што е можно помали грутки. Путерот се преврива и се истура на подготвениот качамак. Се меша се додека не се добие еднолична смеса.

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...