Почетна / Здравје и исхрана / Природните извори на сила и оптимизам

Природните извори на сила и оптимизам

Се чувствувате уморно, депресивно, поспани сте и исцрпени. Потребно е само малку да го смените начинот на исхрана и да станете силни и полетни.

Железо за енергија – благодарејќи на железото околу пет милијарди клетки во организмот добиваат доволно кислород, со чија помош клетките произведуваат енергија. Црвените крвни зрнца со хемоглобинот го транспортираат кислородот до сите делови на телото. Во јадрото на хемоглобинот е железото, кое го врзува кислородот. Бидејќи железото се исфрлува од организмот преку потта, столицата, уринот и крвта во текот на менструалниот циклус, во организмот го има некогаш помалку отколку што би требало, посебно доколку исхраната е сиромашна со железо. Последиците од недостатокот на железо можат да биде хроничен замор, исцрпеност, бледило, честите инфекции и анемија. Железото се наоѓа во свињски, пилешки и говедски џигер, во остригите, интегралниот леб, грав, граше, леќа, смокви, јаткасти плодови.

Со тијаминот против нервоза – овој витамин е неопходен како нервите би имале доволно енергија која им е неопходна за пренесување на електричните импулси. Како последица на недостигот можат да бидат нервоза, слаб апетит, пореметување на сонот. Се наоѓа во свинското месо, производи од интегрално брашно, во грашокот и гравот.

Инулин за посилен имунитет – ова билна супстанца е јаглен хидрат со благ вкус, помалку калоричен од шеќерот, поради што често пати се користи како негова замена. Инулин во несварен облик стигнува до дебелото црево, каде служи како исхрана на бифудус бактерии кое се важни за имунитет и поттикнува нивното размножување. Овој процес е многу важен бидејќи здравиот одбранбен систем почнува во стомакот – околу 80 проценти на одбранбени механизми се одвиваат во цревата. Добрите бактерии создаваат заштитна бариера која ги уништува предизвикувачите на заболувањата. Инулинот го има во артичоките, цикорија, лукот, кромид и шпарглите.

Нијацин за подобра концентрација – Бидејќи на клетките на мозокот им е потребна голема енергија, важно е да во крвта секогаш има доволно нијацин, попознат како никотинска киселина. Тој ги шири крвните садови и ги активира неуротрансмитерите, кои се важни за пренесување на импулси до мозочните клетки. На тој начин се подобрува концентрација и помнењето, како и способноста на реагирањето. Ниацинот го има во рибата, квасецот, млекото, јаткасто овошје, јаболкото, во зелената салата, мешунките.

Јод против вишокот на килограми – јод е потребан на организмот поради производството на хормоните на штитната жлезда. Тие имаат одговорност за метаболизам на шеќерот, мастите и белковините, регулираат температурата на телото и нивото на водата во организмот. Доколку се нормално функционира, организмот ги согорува поголемите количества на мастите. Јодот го има во морската риба, плодовите на морето и млечните производи.

Магнезиум за силно срце – магнезиумот е неопходен за пренесување на нервните импулси и концентрација на мускулите. Тоа значи да нервите кои го контролираат работењето на мускулите можат да работат оптимално само доколку има доволно магнезиум во организмот. Кога на организмот му недостига овој минерал, се зголемува ризикот од болките во срцето слабост во мускулите, грч во мускулите, како и губење на чувство во рацете и нозете. Магнезиумот го има во интегралните житарки, какаото, сусамот, семките на тиква, боранијата, магдоносот, оревите, рибата и месото.

Витаминот Б6 за силни мускули – без белковини нема силни мускули, Меѓутоа, на организмот е за претворањето на белковините во мускули и врзивното ткиво потребен витамин Б6. Тој е задолжен за преработка на аминокиселини од белковините внесени преку храната. Витаминот Б6 има во сојата, џигерот, месото, лососот, зелениот зеленчук, зелката, спанаќот, квасецот, житарките, компирот, морковот, јаткастото овошје и бананите.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...