Почетна / Здравје и исхрана / Природниот извор на здравјето – топла напивка од ѓумбир, мед и лимон

Природниот извор на здравјето – топла напивка од ѓумбир, мед и лимон

Пријатниот вкус на ѓумбир и мирисот на лимонот збогатен со мед. Ова е напивка која го загрева телото од внатре, му дава енергија и го хидрира. Поред  се ова го додадеме фактот дека ѓумбирот дополнително ја зголемува лековитоста на ова напивка и го зајакнува имунитетот во војната против вирусите.

Било да се работи за утрото, кога барате нешто за будење или вечер, кога Ви треба нешто да Ве релаксира, ова напивка ќе биде совршено решение.

Причините зошто би требало да ја направите напивката од ѓумбир, мед и лимон се:

  • Го зајакнува имунитет и го зајакнува телото
  • Го забрзува закрепнувањето доколку сте болни
  • Ја смирува мачнината и нервозата во желудникот
  • Делува смирувачки на нервниот систем
  • Го поттикнува работењето на цревата, па ја смирува надуеноста, а со самото тоа и нервозата.
  • Ја поттикнува циркулацијата на телото
  • Ќе Ве затопли повеќе од ќебето

Потребни состојки:  

  • Корен од свеж ѓумбир
  • 1 литар обична вода
  • Неколку лажици мед
  • 1 лимон

Подготовка: Излупете го ѓумбирот и сечете го на тенки парчиња. Ставете го ѓумбирот во тенџерето и прелејте го со еден литар вода, па варете го ѓумбирот барем 15 до 20 минути на умерена температура. Потоа тргнете го тенџерето од огнот и оставете да поседи уште 5 дена.  Извадете го ѓумбирот од течноста, додадете мед и сок од еден лимон и пијте го вака подготвената напивка.

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...