Почетна / Совети за здравје / Природни лекови за справување со симптоми на депресија, стрес и нервоза

Природни лекови за справување со симптоми на депресија, стрес и нервоза

Емоционалните и телесни симптоми како: тага, празнина, апатија, чуство на вина, умор, вознемиреност, несоница, губење на апетит, мускулна напнатост, главоболка и друго се некои од симптомите на депресија-едно од најчестите заболувања на денешницата.

Поради забрзаното животно темпо и честата изложеност на стресни ситуации, многу луѓе одвреме-навреме ги искусуваат споменатите симптоми.

ВЛИЈАНИЕТО НА ЕМОЦИИТЕ ВРЗ РАБОТАТА НА МОЗОКОТ
ВЛИЈАНИЕТО НА ЕМОЦИИТЕ ВРЗ РАБОТАТА НА МОЗОКОТ

Ви ги претставуваме осумте најчесто користени билни антидепресиви, кои го подобруваат расположението, го зајакнуваат нервниот систем и придонесуваат за општата виталност на организмот.

Покрај медикаментите што ги препишуваат лекарите, во ублажувањето на депресијата помагаат и валеријана, хмељ и лаванда. Меѓутоа, не треба да се користат истовремено бидејќи можа да предизвикаат несакани дејства.

1. Кантарион

Кантарионот, или моминската трева, фитотерапевтите го ставаат на пиедесталот кога станува збор за билните препарати за лекување депресија. Во составот на оваа билка се наоѓаат активните компоненти хиперфорин и хиперицин, на кои им се препишува антидепресивно дејство, истовремено со одделни синтетички антидепресиви. Со редовна и правилна употреба на препарат од кантарион се поттикнува активноста на серотонинот и норадреналинот, супстанции во мозокот одговорни за доброто расположение. Најчесто се користи во облик на чај, тинктура или масло, а благотворните ефекти се забележуваат по две-три недели континуирана примена.

2. Родиола- Најдобар природен адаптоген

Rhodiola
Rhodiola https://www.facebook.com/Trimeks?fref=ts

Преку Rhodiola природата ни дава рака на спас. Позната како “златен корен”, таа е билка специфична за артичките и алпските региони која со векови се употребувала како средство за закрепнување, стимулирање на нервниот систем, намалување на депресијата и заморот и превенција од болести. Rhodiola е моќен адаптоген од непроценлива вредност – има способност да го зголеми капацитетот на организмот да се прилагоди на стресни влијанија кои непрекинато ги напаѓаат телото и духот и помага повторно да воспостави рамнотежа во организмот, без да влијае на нормалните функции.

Полезности

· Телесни перформанси – физичка издржливост и опоравување

Rhodiola била главен фактор на физичката, менталната и психичката издржливост на советските астронаути и олимписки шампиони, како и на највисокиот државен врв. Од голема корист за сите оние кои имаат физичка и ментално напорна работа и за лица со ниско енергетско ниво.

· Ментални перформанси – бистрина на мислите и меморија

Ги подобрува основните интелектуални способности. За сите оние кои не сакаат да изгубат дел од менталната способност како последица на стареење.

· Емоционално здравје – промена на расположение, депресија, несоница, сексуално здравје

Несоницата е цврсто поврзана со стресот и расположението што доведува до нарушување на квалитетот на животот, работната способност и имунитетот. Ги елиминира депресивните симптоми (го подига нивото на серотин во мозокот) и ја јакне сексуалната енергија.

· Кардиоваскуларни болести, аритмија, хипертензија

Здравјето и функцијата на срцето се во тесна врска со стресот. Го зачувува срцевиот систем и штити од болести на кардиоваскуларниот систем, особено кога се зема во комбинација со CoQ10.

· Имунолошки систем – имунодефициенција, автоимуни болести, карциноми

Стресот има имуно-супресивно делување на T-клетките и клетките-убијци, многу значајни за уништување на канцерогените клетки. Има имуно стимулирачкото, антиоксидантно и антиканцерогено делување.

· Дијабетис и дебелина предизвикани од стрес

Постои причинско-последователната врска помеѓу 3 фактори – стрес, дијабетис и дебелина кои стануваат глобални проблеми.

· Аменореја и неплодност

За редовни менструални циклуси и против аменореја (недостаток на менструален циклус кај жените, а најчести причини се емоционален стрес, болест, орални контрацептиви или прекумерни телесни напори).

3.Маточина

Маточината, пчелник или лимонова трева е еден од најчесто употребуваните лекови против психичките проблеми. Фитотерапевтите посебно го истакнуваат благотворното дејство на чајот од маточина во случај на депресија, анксиозност, напнатост, несоница, главоболка, повраќање и нередовна менструација предизвикани од стрес. Најдобар ефект се постигнува ако се користи свежата билка, која може да се
комбинира и со други лековити треви со слично дејство, како што се лаванда, валеријана и камилица.

4.Валеријана

Валеријаната, или недоленче, најпознатиот билен седатив, е еден од најчесто употребуваните билни лекови против различни психички тегоби, како што се анксиозност, нарушување на сонот, раздразливост и нервоза. Се употребува во вид на чај, тинктура или капсули со екстракт од свеж корен и често се комбинира со други билки со смирувачко дејство. Во одредени ситуации недоленчето може да дејствува стимулативно, па е потребно да се почитуваат препорачаните дози. Не им се препорачува на трудници и на доилки, како ни на деца помлади од 12 години.

5.Камилица

Камилицата од дамнина има исклучително широка примена и често се користи за лекување благи облици на депресија, бидејќи опушта, ги потиснува мачината, немирот и бесот, ја смирува и ја ублажува психичката чувствителност. Флавоноидот под назив апигенин во нејзиниот состав дејствува смирувачки на организмот, а докажано е дека употребата на камилица го подига нивото на глицин во организмот, аминокиселина што ги опушта мускулите и нервите. Шолја чај од оваа билка пред спиење важи за убедливо најпопуларен лек против несоница а бидејќи е исклучително блага и без никакви нуспојави, оваа напивка често се користи за лекување анксиозност и кај деца.

6.Лаванда

Оваа медитеранска билка благотворно дејствува во случај на депресија, ансиозност, засилено чукање на срцето, хистерија, мигрена, нервна исцрпеност и несоница. Релаксирачка бања и етерично масло од лаванда обезбедуваат мирен сон, додека чајот, кој се прави од суви цветови, речици моментално ги отстранува нервозата и вознемиреноста. Утврдено е дека лавандата ги ублажува нуспојавите при лекувања со синтетички антидепресиви, па често се користи како помошно средство за лекување депресија.

7. Гинко билоба

ginkgo
https://www.facebook.com/Trimeks/timeline

Најстариот преживеан вид дрво на планетата, докажано е делотворно за лекување од благи до умерении депресии. Имено, испитувањата дека екстрактот од гинко билоба го подига нивото серотонин дури за 33%. Оваа древна билка, позната и под името самовилски влакна, го поттикнува протокот на крвта во мозокот и така ги ублажува симптомите на Алцехајмеровата болест, како и депресиите предизвикани од стареењето на мозочните клетки. Исто така придонесува за подобра искористливост на кислород, што позитивно влијае на памтењето, концентрацијата и на други ментални способности.
Ginkgo Biloba е природен суплемент и делотворен природен лек против васкуларните заболувања, а посебно против цереброваскуларните заболувања.
Листовите на Гинко Билоба имаат единствена лековита моќ , која на лугето им овозможува подобрено здравје, а со тоа и долговечност.

Овој препарат поседува биоактивни состојки кои помагаат при:
– Подобрување на циркулацијата и спречување на болести поврзани со слабата циркулација;
– Ги олеснува симптомите на астма и болестите на белите дробови;
– Ја подобрува концентрацијата и памтењето;
-Помага во лечењето и превенција од мозочен удар, главоболка и мигрена;
-Се препорачува во лечење на проширени вени, болки во нозете и отежнато одење;

8.Хмељ

Хмељ во народната медицина е познат како исклучителен природен седатив, па затоа има широка примена за лекување болести на нервниот систем. Екстрактот од оваа билка ефикасно дејствува против поблаги депресивни тегоби, мачини, раздразливост, напнатост, несоница. Содржи висок процент хормони слични на естерогенот, па им се препорачува на жените во менопауза како и за ублажување на предменструалниот синдром. Се приготвува како чај и тинктура, а со него често се полнат и перниците за спиење.

За прва помош при симптоми на депресија ги препорачуваме природните производи на Тримекс Доеел Скопје, фирма застапник на производите на NOW FOODS, докажан квалитен бренд за здрави природни суплементи на пазарот.

Повеќе за Now Foods на нивната официјална web страна:http://trimeks.com.mk/

Официјален Facebook профил на кој можете да ги следите сите новости и да се информирате за нивните производи: https://www.facebook.com/Trimeks/timeline

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...