Почетна / Здравје и исхрана / Природни лекови за анксиозност
newhealthadvisor

Природни лекови за анксиозност

Анксиозни сте, загрижени, исплашени.
Дали често сте вознемирени околу своето здравје, семејство, љубовен живот, финансиска состојба, работа, деца…?

Дали чувствувате како вашето срце бие брзо и силно, а вашето дишење станува забрзано и плитко, вашиот мозок замислува пропаст, а вие само посакувате да можете да се релаксирате..сега!
Без разлика дали станува збор за анксиозно пореметување или пак само случај на мала паника и трема, не користете медикаменти- барем се додека можете на природен начин да го решите својот проблем.

Ова се неколку природни хербални чаеви кои служат како лекови кои ќе ви помогнат лесно и брзо да се смирите во вакви ситуации.

1. Камилица 
Доколку имате мал лош момент, шоља чај од камилица може да ви помогне да се смирите. Некои од состојките во камилицата  (Matricaria recutita) се поврзуваат со истите рецептори во мозокот како и лековите  како Valium.

Чај од камилица , извор: herbalteasonline.com
Чај од камилица , извор: herbalteasonline.com

2. L-theanin (Зелен чај )

Јапонските Будистички свештеници можеле да медитираат со часови, да останат долго буди, свесни и релаксирани. Една од причините за ова е консумацијата на зелениот чај кој содржи многу важна аминокиселина наречена  L-theanine. L-theanine помага во регулирање на забрзаниот пулс на срцето, помага во снижување на крвниот притисок, и редуцирање на анксиозноста. Со почеста консумација на зелен чај 1-3 чаши дневно ќе обезбедите смиреност и фокусираност.

 

Зелен чај, извор.livestrongcdn.com
Зелен чај, извор.livestrongcdn.com

3. Валеријан

Некои хербални суплементи ја редуцираат анксиозноста притоа правејќи ве будни, фокусирани, и помалку анксиозни како Зелениот чај, додека пак други делуваат како седативи.(Valeriana officinalis) делува како седатив, таа помага при несоница и е прва хербална помош за смирување и решавање на проблемот со несоницата. Може да се консумира како тинктура или чај, често се комбинира со тревки како камилица, лимонова трева и маточина.

Чај од Валеријан, извор: herbalteasonline.com
Чај од Валеријан, извор: herbalteasonline.com

4. Лаванда

Аромата на  лаванда (Lavandula hybrida) делува во смирување на вашите емоционални состојби и делува анти-инфламаторно. Маслото од лаванда намачкано околу пулсните точки или пак доколку го мирисате за време на  стресни ситуации помага при смирување. mindbodygreen.com

 

 

Проверете и

8 работи за водата кои сигурно не ги знаевте

Во лажичка вода има толку молекули колку што има лажички вода во Атлантикот. Атлантскиот океан ...