Почетна / Совети за здравје / Природни лаксативи – слива и смоква

Природни лаксативи – слива и смоква

Во природата имаме многубројни достапни билки кои имаат добри својства како лаксативи и немаат несакани ефекти па може да им се даваат и на децата. Таквите билки се сливите и смоквите кои се широко дотапни во нашето поднебје.

Кога зборуваме за природни лаксативи, знаеме дека најдобри намирници се оние кои во себе содржат влакна. Едени од најпознатите лаксативи се сувите сливи и смокви. Освен нив, лаксативно делуваат и сувото грозје, марелите, кокос, авокадо …

Редовното празнење на цревата е важно за целокупното здравје. Во спротивно се јавува чувство на надуеност во стомакот, умор, главоболка. За запек често се користи појам опстипација или констипација.
Решение за опстипација и констипација
На пазарот постои многупројни производи кои ги користиме како решеније за констипација. Препорачуваме прво да почнете со промена на животни и прехрамбени навики и дури потоа да ги кориостите препаратите кои ја олеснуват пробавата. Во природата имаме многубројни достапни билки кои имаат добри својства како лаксативи и немаат несакани ефекти па може да им се даваат и на децата.

Слива ( Prunus domestica, Rosaceae )
Можеме да кажеме дека сливата најчесто се јавува како средство при олеснувањето на опстипацијата. Сливата благотворно делува на цревата и на пазарот може да се најде во вид на шуруп во комбинација со смоква. Таквиот препарат им се препорачува и на децата бидејќи не создава навика. Сливата содржи висок процент на влакна и шеќер сорбитол кој како лаксатив ја апсорбира водата и ја зодржува во луменот на цревата правејќи ја столицата мека.

Смоква ( Ficus carica L., Moraceae )
Смоквата потекнува од Мала Азија. Кај нас е омилена посластица во летото.
Во медицинските сврхи се користи сув плод на смоква. Смоквата содржи и до 50% инвертен шеќер, органски киселини (јаболкова, лимонска и винска киселина), пектини, витамини, минерали, посебно магнезиум кој е битен за нормално работење на цревата. Смоквата е природен извор на прехрамбените влакна. Висок процент ги сочинуваат влакната кои се растворливи во водата кои поволно делуваат на регулирањето на пробавата.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...