Почетна / Совети за здравје / Примена на физикална терапија при повреди на скочен зглоб

Примена на физикална терапија при повреди на скочен зглоб

На оваа тема пишува Спец. Д-р. Марија Петрушевска специјалист по физикална медицина во Полиликлиника НЕУРОМЕДИКА.

Скочниот зглоб е најчесто изложен на повреди поради функцијата што ја врши и големото оптеретување како носечки зглоб и централен стожер при стоење и одење (чекорење, трчање,скокање) кој истовремено ја балансира нашата телесна тежина и многу прецизно ја распределува долж долните екстремитети во стaпалото како филогенетски најмлад биокинетички ланец при движење на човекот. Заради сложената анатомска структура (коски,мускули ,тетиви,лигаменти , крвни садови и нерви) кои биомеханички функционираат складно ,во секојдневниот живот , на работно место или во спортот многу често доаѓа до повреди тукму на скочниот зглоб.

Untitled4 Untitled5

 

Кога индиректна сила ке предизвика прекумерна амплитуда на движење (над границата на еластичноста и отпорноста на лигаменто-тетивнo-мускулен апарат на овој зглоб) тогаш доаѓа до нарушување на севкупната биомеханика и статика и настанува т.н шинување т.е дисторзиа на скочниот зглоб.

Untitled3

Клиничка слика-Пациентот има силни болки, оток, црвенило, модринки, ограничени движења и неможе да стапне, ниту да оди.

Во таква состојба најчесто се аплицира мраз или ладни облоги и пациентот се обраќа на специјалист ортопед кој веднаш прави имобилизација со гипс лонгета уште првите 3 дена која ја носи 2-3 недели.Со физикална терапија може дасе почне уште веднаш (крио-терапија и магнет терапија )Бандажирањето продолжува уште 3-4 недели со еластичен завој и пациентот редовно доага на физикална терапија.

Untitled2

Многу често со класични конзервативни методи аналгетици, бандажирање, местење, споро оди враќањето на функционалната способност на скочниот зглоб и долго време перзистира нестабилност и лабавост на истиот , па многу често од едно несакано движење состојбата може да се повтори.

Во периодот 2012- 2014 год, во нашата ординација по физикална терапија беа третирани околу 40 -сетина пациенти (спортисти, студенти, работници, и др.пациенти од најразлична возраст ) кои имаа повреди на скочниот зглоб-Distorsio articulatio talocruralis .

Пациентите со тие тегоби беа третирани со комбинирана терапија (Крио-терапија,ултразвук, магнет и ласер терапија, а подоцна и кинезитерапија- вежби баланс, вежби- степер и прсти- пети). Според пратечките параметри – визуелна аналогна скала по ВАС (за субјективно чувство на болка), големина на отокот (со мерење на обемот на скочниот зглоб во цм) функција на зглобот- движења-флексија, еверзија, инверзија. Резулататите кај овие пациенти беа многу добри.

Untitled

Целта на ова сладење беше да се докаже дека со благовремена примена на физикална терапија во лекување на вакви случаи за многу кратко време 10 до 15 терапии скочниот зглоб си ја враќа својат функција, што е многу значајно кај млади и работоспособни индивидуи.

Ординацијата по физикална медицина располага со современа апаратура (електо-терапија магнет, ласер и реквизити за индивидуална кинезитерапија и масажа) за третирање на пациенти од областа на трауматологија, ревматологија, ортопедија, неврологија и спортски повреди.

d-rMarijaPetrusheva

 

 

 

 

Спец. Д-р. Марија Петрушевска

Специјалист по физикална медицина и рехабилитација

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/2 042-323

www.neuromedica.com.mk

https://www.facebook.com/PZUNeuromedica

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...