Почетна / Рецепти / Презервирање на вкусот на летото и традицијата – тегла ајвар

Презервирање на вкусот на летото и традицијата – тегла ајвар

Што е ајвар?
Добро познатиот ајвар својот назив го добива од турскиот збор кој во превод означува кавиар.
Традиционалниот рецепт се состоел од црвени пиперки, црни домати и лути пиперчиња. Се подготвувал во доцно лето/рана есен кога големите меснати пиперки зачестено може да се пронајдат на нивите и на локалните пазари по ниски цени. Примарната намена на овој рецепт е егзистенцијална – нашите предци го правеле ајварот за да ги конзервираат пиперките кои во лето ги имале во изобилство за да можат да го прехранат семејството во зима кога почвата е неплодна.

Ајвар денес се става скоро на се- се користи во сосеви, се мачка на леб, на тестенини, сендвичи, пица, во комбинација со месо (ќебапчиња или скара) или пак во комбинација со сушено месо, сирење и смокви.
Наш фаворит е ајвар со сирење, сушено месо и домашна пита.

Доколку ви преостанал ајвар или пак не можете да ја замислите ниту една сезона без ајвар еве неколку рецепти кои ви ги предлагаме да ги подготвите за да му дадете нова намена на еден од најголемите деликатеси на подрачјето на Балканот- ајварот.


Македонски тестенини 

Потребни состојки: 
1. 1 пакување макарони/талијатели/тортелини
2. ајвар
3. 1 домат
4. Исецкан кромид
5. Грашок (претходно обарен и исцеден)
6. Сланина
7. Магдонос
8. Маслинки (ситно исецкани)

На маслиново масло се прши кромидот, се додава сланината исецкана на ситни коцкички, се додаваат зачини, грашок, маслинки и магдонос. Пред самиот крај се додава ајвар. Сосот се додава на претходно сварените тестенини. Се јаде додека е топло.


Пица со ајвар

1. Интегрално брашно
2. Потпечени црни домати на скара
3. Ајвар
4. Павлака
5. Магдонос
6. лути пиперчиња

Од и тегрално брашно, малку сода, лажичка шеќер и половина лажичка сол и млака вода замесете тесто.
Оставете го да остои 30 минути. Истегнете тенки кори и врз нив нанесете маслиново масло, малку ајвар, па потпечени црни домати и лути пиперчиња. Откако е готова пицата горе нанесете павлака.

Ладен ролат со ајвар
(идеален за послужување на гости, за слави, родендени или пак како алтернатива за ладен сендвич)

Кората од ролатот се подготвува од: 3 јајца, 3 лажици брашно, 3 лажици ајвар, 100 мл јогурт и прашок за пециво. Се мешаат јајцата со миксер со малку сол, се додава јогуртот, па потоа брашното измешано со прашокот за пециво. На крај со лажица се додава ајварот и се меша.
Врз плех со хартија за печење се истура содржината и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15 мин.
Филот се состои од павлака со кисели краставички и црн бибер измешано со исецкана шунка или пак шунка во листови.


Врап сендвич со ќебапчињња и ајвар

Гиро на Македонски начин- пригответе домашен леб од брашно и вода, лажичка сол и шеќер
Додадете врз лепчето слој ајвар, па врз него кромид, павлака и ќебапчиња.
Одличен е деликатес зарем не?


И за крај – дали има подобар рецепт од оној со топол леб свежо потпечен со сирење со малку маслиново масло и рузмарин и ајвар? 

Проверете и

10 неочекувани причини да пиете повеќе вода

Со празниците зад нас и здравите навики во нашите умови, многумина се уште тагуваат за ...