Почетна / Здравје и исхрана / Превенција на болести во устата и влијанието на исхраната врз забите

Превенција на болести во устата и влијанието на исхраната врз забите

Денес се опишуваат два вида на стратегии за превенција : стратегија за заштита на лица со висок ризик, која подразбира нивна идентификација и преземање одредени мерки на превенција и терапија, и популациска стратегија, која подразбира контрола на појава на нови заболувања на целата популација, како и за одржување нормални биолошки услови и примена на одредени превентивни мерки.

Устата и забите, како многу важен дел за нашето здравје, се дел на органите за џвакање и имаат важна улога во дигестијата на храната. Различните видови на храна, начин и навики во исхраната значајно влијаат врз развитокот на забите и устата, како и на целото максилофасцијално поле. Во текот на развојот на забите влијанието на храната врз нивното здравје е многу битно. Во градење на органските основи на забите – матрикс – најважна улога покрај мастите и јаглените хидрати имаат и протеините, додека во текот на минерализација (неорганскиот дел од забот) од голема важност е е присуството на некои соли и некои хормони. Во текот на развитокот забот е многу осетлив на различни влијанија што ги условуваат неговите особини и карактеристики, како што се обемот и големината, структурата на забните ткива, квалитетот и отпорноста на глеѓта. Без адекватна и избалансирана исхрана, забните ткива не можат нормално да се изградат.

Влијанието на храната врз забите може да биде физичко и хемиско. Физичкото влијание подразбира внесување на помека храна со цел да се заштитат забите од кршење и пуканатини.

Хемиското влијание на забите може да биде примарно и секундарно. Примарното дејство на храната подразбира внесување кисела храна (бонбони, салата, цитрусно овошје, лимон, сокови итн.). Секундарното дејство е значајно за настанувањето на кариес на забите. Внесената храна, која не е кисела или слатка, се ферментира под дејство на бактериски ензими на оралната флора и настануваат кисели метаболити што остануваат предолго во устата во составот на плакот на површината на забите, каде што со текот на времето доведува до деминерализација на тврдите ткива на забите.

Неколку видови храна за здрави заби :

  • Сирење – високата содржина на калциум и фосфор го стимулира изградувањето на глеѓта и одржува стабилна pH вредност во усната шулина
  • Сусам – Семето од сусам е многу корисно за здравјето на вилицата и забите поради високата содржина на калциум
  • Зелен чај – Неговиот состав ги убива бактериите кои ги образуваат наслагите врз забите, а флуоридите во чајот ја прават забната глеѓ поцврста
  • Морков и целер – Грицкање на еден или два моркови дневно, со што се зголемува секрецијата на плунка и ги неутрализира киселините.
  • Киви – Високиот процент на витамин Ц ги зајакнува непцата и ги прави поимуни на воспаленија
  • Брокули – Витамин К и витамин Ц, калциум и фосфор

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...