Почетна / Рецепти / Пренесување на традиционални вредности: куќни слави и храна. Митровден празник на почетокот на зимата

Пренесување на традиционални вредности: куќни слави и храна. Митровден празник на почетокот на зимата

Митровден (лок. Митроен) — голем христијански празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој се празнува на 8. ноември. Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден.

img_1890

Освен вообичаениот обичај на носење леб и вино в црква (каде се осветува лебот), празникот се одбележува во семејството и за него не се поврзани некои посебни обичаи или обреди. Вечерта пред празникот се прави „заслуг“ (од заслужување) или „кана“ (од канење), при што поблиските се канат со лепче или со некој друг предмет. На денот на славата се дава ручек на кој се служат мрсни јадења, освен ако прзникот падне во ден кога се пости. Исто така, на гости се оди и следниот ден, претпладне. Инаку, сите луѓе кои се викаат Димитар, Димитрија, Диме, Митре или некоја друга варијанта, на овој ден слават именден, кој се прави навечер.

10

Народниот обичај наложувал денес да се остане дома. Се верувало дека оној којшто денес нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од него и ќе преспива по туѓи домови. Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник. За Митровден се верувало дека ќе се претскаже каква ќе била зимата. Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи се до април. Во некои делови постоеле и верувања дека на Митровден не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле или биле безобразни, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.

pppp

Каков тип на храна се служи за време на овој празник?
Доколку празникот е во петок или во среда тогаш се служи посна вечера. Традиционално за време на пости за вечера се подготвуваат сарми, риба, и гравче тавче, се служат и маслинки, салати (без употреба на месни и млечни производи), посна баклава и слатки , кифлички а често се служи домашно вино и ракија како дел од традиционалните напитоци кои се приготвуваат во домашни услови.

Доколку празникот е во било кој друг ден освен петок или среда тогаш не се служат посни оброци и јадења. Традиционално се подготвуваат најразлични крем салати, пред Митровден во сеозаната на сеидби по сеидба веднаш се колело и прасе или теле и гостите се служеле со месо.

Киселите краставички, феферонки и зелка на било која куќна слава се неизоставен дел.
 Со домашната зимница се подготвуваат најразлични декорации и полнежи за солени ролати и кифлички.
Традицијата е нешто што треба да го пренесуваме на идните генерации, дали вие славите некоја куќна слава или именден?

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...