Почетна / Здравје и исхрана / Предности и мани на најпопуларниот пијалок

Предности и мани на најпопуларниот пијалок

На многумина омилен пијалок, вообичаен во утринските часови, кафето е секако дел од нашата култура. Сепак, пред да посегнете по уште една шолја, прочитајте ги предностите и маните.

Една шолја кафе дневно

Предности: Една шолја кафе на ден го регулира крвниот притисок и потитивно влијае на крвните садови. Кафето е одличен антиоксиданс и ги поттикнува мозочните активности.

Недостатоци: Шолја кафе е доволна за да ви се поремети сонот  и да ве држи будни во текот на ноќта, бидејќи потребни се цели 8 часа за кофеинот потполно да исчезне од телото. Избегнувајте да пиете кафе касно попладне и на вечер , туку уживајте во утринскиот ритуал.

Две шолји кафе дневно

Предности: Оваа количина на кафе во ваква доза е одлична против алцхајмерова болест, односно од толкава доза на кофеин расте количината на протеин во мозокот која влијае на губење на памтењето. Пиењето на две шолји кафе 30 минути пред напорна активност ќе му пружи на вашето тело голема доза на енергија.

Недостатоци: Две шолји кафе во бременост се преголема доза на кофеин, бидејќи тој влијае на создавањето на хормоните кортизол и адреналин што може да предизвика спонтан абортус.

Три шолји кафе дневно

Предности: Спречуваат настанување на рак на јајниците кај жените. Оваа количина нацрн пијалок позитивно влијае и кај мажите бидејќи може да спречи настанување на камен во жолчката.

Недостатоци: Оваа доза на кафе може да го зголеми ризикот од срцев удар.

Четири шолји кафе дневно

Предности: Четири шолји кафе содржат околу 400 милиграми кофеин што е многу силен антиоксиданс кој го “чисти” организмот и помага во борбата против различни облици на тумор, рак на простатата и дијабетес тип 2.

Недостатоци: Големата количина на кафе може да доведе до ревматски артритис и да предизвика нервоза и анксиозност.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...