Почетна / Здравје и исхрана / Празнични колачиња

Празнични колачиња

Дали размислувавте што вкусно ќе подготвите за празниците кои доаѓаат?
Ви предлагаме да подготвите вкусни празнични колачиња и да ги декорирате со многу љубов 🙂
Верувајте, празничната трпеза сите ќе ви ја засакаат.
bandeja-galletas-navidenas-decoradas-600x555

Потребни состојки за рецептот:
-500g меко брашно
-250g шеќер во прав
-4 јајца
-4 лажици мед
-лажичка цимет
-прстофат мелено каранфилче
-изрендана кора од еден лимон и еден портокал
-1 пакетче прашок за печиво

Подготовка на рецептот:
1 Чекор: Брашното измешајте го со шеќерот, прашокот за печиво, циметот, кората од лимон и портокалот и меленото каранфилче, потоа додајте ги јајцата и претходно загреаниот мед. Од содржината измесете тесто и ставете го да отстои додека да стаса.
(Совет како да го загреете најбрзо медот: теглата мед ставете ја во топла вода  и медот набргу ќе стане скоро течен)
2 Чекор : Тестото се тегни во дебелина од 5мм и со фигури во форма на елкички, додомразовци и празнични мотиви изрежете колачи во најразлични форми. Доебиените колачиња се стваат врз тепсија претходно прекриена со мрсна хартија . Оставете го тестото уште некои 20 минути да стаса.

3. чекор : Печете во загреана рерна на 180 степени.
4. Чекор: декорирајте ги со стопено бело чоколадо во кое за различните декорации ќе додадете малку прехрамбена боја.

На здравје!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...